За Факултетот

Стратешки цели

  1. Континуирано унапредување на квалитетот на наставниот процес и модернизација на студиските програми во согласност со глобалните технолошки трендови.
  2. Развој и поддршка на врвни научни истражувања, иновации и трансфер на технологии.
  3. Интернационализација на наставата, науката и институционалната соработка преку учество во меѓународни програми и проекти.
  4. Продлабочување на соработката со индустријата и јавниот сектор преку заеднички проекти, практична работа и трансфер на знаење.
  5. Поттикнување на претприемништвото, иновативноста и развојот на стартап-екосистемот.
  6. Развој на современа дигитална и истражувачка инфраструктура.
  7. Обезбедување инклузивна, транспарентна и стимулирачка академска средина за студентите и вработените.
  8. Поддршка на дигиталната трансформација на општеството преку развој на современи информатички решенија.
  9. Јакнење на системот за обезбедување квалитет и институционална извонредност.
  10. Развој на човечките ресурси преку континуирана едукација, професионален развој и доживотно учење.