Заштита на лични податоци

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамките на својата дејност обработува лични податоци на студенти, кандидати за запишување, вработени, надворешни соработници, посетители и други физички лица.
ФИНКИ ја спроведува обработката на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци и применливите подзаконски акти, со почитување на принципите на законитост, транспарентност, ограничување на целта, минимизација на податоците, точност, ограничување на рокот на чување и интегритет и доверливост.
1. Контролор на личните податоци
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 16, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
ФИНКИ, во рамките на своите надлежности и дејности, врши обработка на лични податоци заради остварување на своите законски, образовни, научноистражувачки, административни и други функции.
2. Субјекти на лични податоци
Личните податоци може да се однесуваат особено на:
  • кандидати за запишување на студии;
  • студенти на прв, втор и трет циклус;
  • дипломирани студенти и алумни;
  • наставен и соработнички кадар;
  • административен и технички персонал;
  • кандидати за вработување;
  • надворешни соработници и ангажирани лица;
  • учесници во проекти, конференции, обуки и други активности;
  • корисници на електронските услуги и системи на ФИНКИ;
  • посетители на веб-страницата и други лица чии податоци се обработуваат во рамките на законските надлежности на Факултетот.
3. Офицер за заштита на личните податоци
ФИНКИ има определено Офицер за заштита на личните податоци, кој ги извршува задачите утврдени со Законот за заштита на личните податоци.
Офицер за заштита на личните податоци:
Игор Цветановски
На Офицерот може да му се обраќате за прашања поврзани со обработката и заштитата на вашите лични податоци и за остварување на правата утврдени со закон.

4. Права на субјектите на лични податоци
Субјектите на лични податоци имаат право, согласно со применливите законски одредби, да побараат:
  • информации за обработката на нивните лични податоци;
  • пристап до личните податоци;
  • исправка и дополнување на неточни или нецелосни податоци;
  • бришење на личните податоци, кога се исполнети законските услови;
  • ограничување на обработката;
  • приговор на обработката, кога се исполнети законските услови;
  • преносливост на личните податоци, кога е применливо;
  • повлекување на дадена согласност, кога обработката се заснова на согласност;
  • други права согласно со Законот за заштита на личните податоци.
5. Барање за остварување на правата
Субјектот на личните податоци може да достави писмено барање до ФИНКИ за остварување на своите права.
Барањето може да се достави:
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ
ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 16
1000 Скопје
или електронски на:
Барањето треба да содржи доволно информации за идентификација на подносителот и за правото што се бара да биде остварено.