Subject

Софтверско инженерство

1. Наслов на наставниот предмет Софтверско инженерство
Software engineering
2. Код F23L2S029
3. Студиска програма Примена на информациски технологии, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Стручни студии за програмирање
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Faculty of Computer Science and Engineering
5. Степен (прв, втор, трет циклус) First Cycle
6. Академска година / семестар 4 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Дејан Ѓорѓевиќ, Ѓорѓи Маџаров, Ивица Димитровски, Катарина Тројачанец Динева, Катерина Здравкова
9. Предуслови за запишување на предметот Објектно-ориентирано програмирање
10. Цели на предметната програма (компетенции) Целта на предметот е запознање со: методологиите за дизајн и имплементација на софтверски системи преку анализа на барањата, развој и анализа на дизајнот, имплементацијата, интеграцијата и тестирањето на софтверот; анализа на проблем за развој на софтвер, дизајнирање на модуларна структура на решението која го решава проблемот и анализа и евалуација на алтернативи; имплементација на ефикасни и исправни модули, нивна интеграција и тестирање, планирање и водење на софтверските проекти.
11. Содржина на предметната програма (1) Вовед во софтверското инженерство
(1) Карактеристики на софтверот и софтверските проекти
(2) Процес и методологии за развој на софтвер: декомпозиција, апстракција, објектен модел
(1) Анализа и моделирање на барањата: структурирана анализа, објектно-ориентирана анализа, формални спецификации
(2) Дизајнирање на софтвер и софтверски архитектури: пишување спецификација, концептуален, логички и физички дизајн на софтвер
(2) Шаблони за дизајн, статичка и динамичка анализа, имплементација, документација, планирање
(1) Вовед во тестирање: функционално тестирање, систематско тестирање
(1) Водење и управување на софтверски проекти
12. Методи на учење Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 15 часови
16.2. Самостојни задачи 15 часови
16.3. Домашно учење 75 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 10 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 15 бодови
17.3. Активности и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 70 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности 15.2 и 16.1
20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Literature
22.1. Задолжителна литература
1. Roger S. Pressman,‎ Bruce R. Maxim | Software Engineering: A Practitioner`s Approach (9th Edition) | McGraw Hill | 2019
2. Ian Sommerville | Software Engineering (10th Edition) | Pearson | 2015
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година