Игор Гошев

Игор Гошев е роден во 2002 година во Скопје. Основното образование го завршува во ООУ „Кочо Рацин“, Скопје, а средното гимназиско образование во СУГС „Јосип Броз Тито“, Скопје, при што во континуитет има одличен успех. Во 2021 година се запишува на додипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на насоката Софтверско инженерство и информациски системи. Во текот на студиите, две години е ангажиран како лаборант на факултетот, каде држел лабораториски вежби по предметите Оперативни системи, Структурно програмирање, Интернет програмирање на клиентска страна, Алгоритми и податочни структури и Е-учење. Своите додипломски студии ги завршува во 2025 година со дипломски труд на тема „Дизајн и имплементација на онлајн платформа за тренинг и организација на натпревари по информатика“. Истата година се запишува на магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на насоката Софтверско инженерство, по што е избран за демонстратор на факултетот. Области на негов научно-истражувачки интерес се софтверско инженерство, апликативен софтвер, вештачка интелигенција и инженерство на податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.