д-р Соња Филипоска

Родена е 1980 година во Скопје. Дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје во 2003 година. Магистрирала и докторирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2007 и 2009 година, соодветно. Со работа на Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје почнала веднаш по дипломирањето во 2003 година со звање како помлад асистент. Во 2007 година е избрана во звањето асистент, а во 2009 за доцент. Има објавено над триесетина научни трудови. Автор е и на повеќе книги наменети за едукација во полето на користење апликативни програми. Има учествувано во повеќе домашни и меѓународни научни и апликативни проекти. Области на нејзин научно-истражувачки интерес се безжични мобилни ад хок мрежи, комплексни мрежи, компјутерски мрежи, апликативен софтвер, електромагнетна компатибилност. Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.