Финансии
Сметки на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
Матичен број на Факултетот: 6696287
Даночен број на Факултетот: 4057010100492
Сметка (буџетска): 160016170060312
Сметка на буџетски корисник (сопствена): 160016170078813
Уплатница

Приходни шифри:
723011 – Такса за диплома и сертификат
723012 – Такса за запишување
723013 – Такса за испити
723014 – Такса за лабораторија
723019 – Други образовни такси
723212 – Книги и други материјали за образование
723219 – Приходи од продажба на производи и стоки
723220 – Приходи од продажба на други производи
741111 – Тековни трансвери од други нивоа на власт
ЦЕНОВНИК ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ ШТО ГИ ПЛАЌААТ СТУДЕНТИТЕ ЗА ОБРАЗОВНИ И АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУГИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО – СКОПЈЕ (поедноставена верзија)
Член 1
Цената на еден ЕКТС-кредит се определува во зависност од износот на партиципацијата или школарината (државна квота/кофинансирање/ самофинасирање) за еден семестар и се добива кога износот на партиципацијата или школарината ќе се подели со 30 ЕКТС-кредити. Износот се дефинира согласно првиот договор потпишан од страна на студентот, односно активниот договор на студентот.
Член 2
На студентите запишани на Факултетот, ФИНКИ им наплатува надоместоци за извршени услуги поврзани со напредување на студентот, т.е. запишување/заверка на семестар, презапишување предмети, полагање на испитите, промена на студиска програма:
| Ред. бр. |
Назив на услугата и забелешка | Износ во денари |
|---|---|---|
| 1 |
Промена на статус од редовен во вонреден студент или обратно
Забелешка: Нема вонредни студии на ФИНКИ.
|
1.000,00 ден. |
| 2 |
Запишување на семестар со задоцнувања (од 24.09 до 01.11 за зимски, односно од 10.02 до 15.03 за летен). Барањата надвор од рокот нема да се разгледуваат.
Забелешка: Семестар не се запишува надвор од регуларниот рок и рокот со казна. Сите што доцнат, семестар запишуваат во наредниот рок, ретроградно. Се поднесува барање за документ за „Запишување на семестар по истек на рок“ без дополнителен коментар преку iKnow. |
1.500,00 ден. |
| 3 |
Административно регулирање на семестар по активирање на студиите
Забелешка: Постапка која важи само во случај на регулирање на статусот на студентот ретроактивно. Се поднесува барање за документ за „Административно регулирање на ретроактивен семестар“ со наведување на семестарот во коментар (пр. 2023/24 летен) преку iKnow. За секој изминат и незапишан семестар, треба да се побара посебен документ. |
1.000,00 ден. |
| 4 |
Административно запишување семестар
– без предмети – без предмети со пријавена дипломска работа во друг семестар Забелешка: Уписот се врши регуларно со барање на упис на семестар без предмети.
|
1.000,00 ден. |
| 5 |
Презапишување предмет (член 59 од Правилник за студирање УКИМ)
Забелешка: Се прави регуларно при упис на семестар.
|
Износ на ЕКТС-кредит. |
| 6 |
Запишување предмети во семестар
Забелешка: Запишување на предмети со минимум 21 ЕКТС, максимум 35 ЕКТС. Член 34 од Правилник за студирање: „Студентите минимум запишуваат 21, а максимум 35 ЕКТС кредити.“ Доколку нема доволно предмети за упис се упишуваат само дозволените, иако може да се со помалку од 21 кредит. Се прави регуларно при упис на семестар. |
Износ на ЕКТС-кредити кои се запишуваат. |
| 7 |
Промена на изборен предмет (во првите 2 недели од почетокот семестарот кога го запишал)
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Промена на изборен предмет“ со наведување на коментар за кој предмет со кој се менува (пр. Веб Програмирање со Вовед во науката за податоци) преку iKnow. За секој предмет кој се менува се бара посебен документ. |
1.500,00 ден. |
| 8 |
Задоцнето пријавувањe на испит
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Задоцнето пријавувањe на испит“ со наведување на коментар за предмет за кој се бара задоцнета пријава (пр. Веб Програмирање) преку iKnow. За секој предмет кој се пријавува подоцна се бара посебен документ. |
1.000,00 ден. |
| 9 |
Комисиско полагање на испит (член од Правилник за студирање УКИМ)
Забелешка: Со молба до архивата на факултетот.
|
2.000,00 ден. |
| 10 |
Поништување/повторување на испит (член 60 од Правилник за студирање УКИМ)
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Поништување на испит“ со наведување на коментар за предмет за кој се бара поништување на оцената (пр. Веб Програмирање) преку iKnow. За секој предмет кој се бара поништување се бара посебен документ. Поништувањето е дозволено максимум 4 месеци од датумот испитот. |
2.000,00 ден. |
| 11 |
Промена на студиска програма на понова акредитација на единицата на Универзитетот
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Промена на студиска програма од понова акредитација“ со наведување на коментар за програмата и акредитацијата на која се бара промената (пр. ПИТ23) преку iKnow. +Дополнителен надоместок по предмет согласно ставка 13 од овој ценовник. Оваа сума ја задолжува студентска служба по изработка на еквиваленцијата и треба да се плати пред упис на следниот семестар. |
3.000,00 ден. |
| 12 |
Премин од една на друга студиска програма на единицата на Универзитетот (исти факултет)
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Промена на студиска програма од иста акредитација“ со наведување на коментар за програмата и акредитацијата на која се бара промената (пр. ПИТ18) преку iKnow. +Дополнителен надоместок по предмет согласно ставка 13 од овој ценовник. |
2.000,00 ден. |
| 13 |
Признавање (по дозволен премин од ставките 11, 12 и 14) на положени испити на:
– друг универзитет од странство – друг универзитет од земјата – единицата или друга единица на ист Универзитет Забелешка: Цената е по предмет. Оваа сума ја задолжува студентска служба по изработка на еквиваленцијата. Студентска служба креира документ за „Признавање на положени испити“ и студентот треба да го плати долгот од документот пред упис на семестарот. |
Друг универзитет од странство: 400 ден.
Друг универзитет од земјата: 300 ден. Единицата или друга единица на ист Универзитет: 200 ден. |
| 14 |
Премин од една на друга студиска програма на друга единица на Универзитетот (друг Факултет на УКИМ)
Забелешка: Се поднесува молба до архивата на факултетот. +Дополнителен надоместок по предмет согласно ставка 13 од овој ценовник. |
3.000,00 ден. |
| 15 |
Промена на предмет поради задоцнето внесување на оцена
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Промена на положен предмет“ со наведување на коментар за кој положен предмет со кој се менува (пр. Веб Програмирање со Вовед во науката за податоци) преку iKnow. За секој предмет кој се менува се бара посебен документ. |
0 ден. |
Член 4
На студентите запишани на факултетот, ФИНКИ им наплатува надоместоци за извршени услуги поврзани со други права на студентите:
| Ред. бр. |
Назив на услугата и забелешка | Износ во денари |
|---|---|---|
| 1 |
Мирување на студиите
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Мирување на студиите“ без дополнителен коментар преку iKnow. Според правилникот за студирање, дозволено е максимум 1 година мирување на студиите. |
2.000,00 ден. |
| 2 |
Продолжување на прекинатите студиите поради мирување
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Продолжување на студии во мирување“ без дополнителен коментар преку iKnow.
|
2.000,00 ден. |
| 3 |
Барање за испишување
Забелешка: Се поднесува молба на студентска служба со потврда за уплата на сумата. Потребно е да се регулирани сите претходни трошоци. |
3.000,00 ден. |
| 4 |
Продолжување рок за дипломска работа
Забелешка: Стандардно запишување на семестар со дипломската работа како единствен предмет. Се плаќаат сите административи такси за упис на семестарот со само еден предмет.
|
6 ЕКТС |
| 5 |
Промена на тема на дипломска или семинарска работа
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Откажување на пријавена тема за дипломска работа“ без коментар преку iKnow. Студентска служба ја откажува темата и студентот подоцна може да пријави нова. |
1.000,00 ден. |
| 6 |
Запишување/одбрана на дипломска работа
Забелешка: Број на ЕКТС-кредити.
|
6 ЕКТС |
Член 5
На студентите запишани на Факултетот, ФИНКИ им наплатува и надоместоци поврзани со издавање документи, и тоа за:
| Ред. бр. |
Назив на услугата и забелешка | Износ во денари |
|---|---|---|
| 1 |
Индекс
Забелешка: Цената ја утврдува УКИМ.
|
Се купува во книжара / УКИМ |
| 2 |
Издавање дупликат на индекс
Забелешка: Се поднесува молба на шалтерот на студентска служба, со доставување на потврда за уплатата, нов пополнет индекс и потврда за одјавата на стариот индекс во службен весник. Цената ја утврдува УКИМ. |
1.500,00 ден. |
| 3 |
Издавање индекс-продолжение
Забелешка: Се поднесува молба на шалтерот на студентска служба, со доставување на потврда за уплатата, нов пополнет индекс.
|
300 ден. |
| 4 |
Издавање уверение за положени испити во текот на студиите
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Уверение за положени испити“ без коментар преку iKnow.
|
200 ден. |
| 5 |
Издавање уверение за положени испити кога студентот ќе дипломира
Забелешка: Не се издава одделно.
|
1.000,00 ден. |
| 6 |
Издавање уверение за положени испити во текот на студиите на англиски јазик
Забелешка: Не се издава.
|
500 ден. |
| 7 |
Издавање уверение за положени испити на англиски јазик кога студентот ќе дипломира (кога студиската програма е на англиски јазик)
Забелешка: Не се издава.
|
1.500,00 ден. |
| 8 |
Издавање уверение за положени испити на англиски јазик кога студентот ќе дипломира (кога студиската програма е на македонски јазик)
Забелешка: Не се издава.
|
1.500,00 ден. |
| 9 |
Издавање диплома за прв/втор циклус студии
Забелешка: Не се издава одделно.
|
3.900,00 ден. |
| 10 |
Издавање диплома за прв/втор циклус на студии на англиски јазик (кога студиската програма е на англиски јазик)
Забелешка: Не се издава.
|
10.400,00 ден. |
| 11 |
Издавање диплома по итна постапка за прв/втор циклус студии
Забелешка: Се поднесува молба и потврда за уплата на сметката на ФИНКИ на студентска служба.
|
6.500,00 ден. |
| 12 |
Издавање диплома по итна постапка за трет циклус студии
Забелешка: Се поднесува молба и потврда за уплата на сметката на ФИНКИ на студентска служба.
|
13.000,00 ден. |
| 13 |
Издавање дупликат диплома за прв/втор циклус студии
Забелешка: Се поднесува молба и потврда за уплата на сметката на ФИНКИ на студентска служба.
|
3.250,00 ден. |
| 14 |
Издавање додаток на диплома за прв/втор циклус студии
Забелешка: Не се издава одделно.
|
1.300,00 ден. |
| 15 |
Издавање хартиени потврди за статус на студент/специјализант
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Барање за потврда за редовен студент (хартиена)“ без коментар преку iKnow.
|
100 ден. |
| 16 |
Издавање потврди по разни основи (во зависност од податоците кои се бараат)
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Издавање потврди по разни основи“ со коментар со опис за потребата преку iKnow.
|
1.500,00 ден. |
| 17 |
Издавање дупликат додаток на диплома на англиски јазик
Забелешка: Не се издава.
|
1.300,00 ден. |
| 18 |
Заверен препис на студиските програми:
– на македонски јазик – на англиски јазик – на јазиците на припадниците на заедниците на кои се изведува наставата Забелешка: Не се издава.
|
На македонски јазик: 3.000,00 ден.
На англиски јазик: 6.000,00 ден. На јазиците на припадниците на заедниците на кои се изведува наставата: 3.000,00 ден. |
| 19 |
Издавање електронска картичка
Забелешка: Не се издава.
|
/ |
| 20 |
Промена на лично име во документ (по документ)
Забелешка: Се поднесува барање во студентска служба со прилог на документите со промените податоци и потврда за уплатата.
|
100 ден. |
| 21 |
Издавање решение по поднесена молба од студенти
Забелешка: Не се издава.
|
100 ден. |
| 22 |
Издавање посебно уверение за полаган странски јазик ако студентот го положил во рамките на студиската програма
Забелешка: Не се издава.
|
300 ден. |
| 23 |
ИКСССА (информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитет/годишно)
Забелешка: Средствата се уплаќаат на наменска сметка од УКИМ зa ИКСССА преку Iknow.
|
750 ден. |
| 24 |
E-УКИМ – (Користење на електронски услуги од УКИМ – формулари, пријави, уписни и листови за заверка на семестар) секој семестар.
(се плаќа во секој семестар) Забелешка: Средствата се уплаќаат на наменска сметка од УКИМ E-УКИМ, преку Iknow или вирмански (вклучува електронско запишување, заверување на семестар и 5 електронски пријави. Обрасците се креираат електронски а ги печати и дистрибуира студентска служба на потребните места и досието ан студентот (се плаќа во секој семестар).
|
350 ден. |
| 25 |
Дополнителни надоместоци за извршени услуги или трошоци поврзани со специфики во реализација на студиските програми на Факултетот.
(се плаќа во секој семестар) Забелешка: Трошоци согласно член 8 од АНЕКС на Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Семестрална наплата на трошоци поврзани со тековно работење согласно спецификите во реализација на студиските програми на Факултетот. За старите студенти ги вклучува трошоците административни трошоци и др. Од зимски семестар и лабораториски трошоци од зимски семестар. |
1000,00 ден. |
| 26 |
Издавање електронски потврди за статус на студент/специјализант
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Барање за потврда за редовен студент (електронска)“ без коментар преку iKnow.
|
0 ден. |
| 27 |
Пакет на документи за дипломирање
Забелешка: Се поднесува барање за документ за „Пакет за дипломирање“ без коментар преку iKnow.
|
6200 ден.
Сума од ставките 5, 9 и 14 од оваа табела. |
Член 6
На студентите од втор и трет циклус студии Факултетот, ФИНКИ им наплатуваат исти надоместоци како на студентите на прв циклус студии, освен следниве надоместоци:
| Ред. бр. |
Назив на услугата и забелешка | Износ во денари |
|---|---|---|
| 1 |
Барање за продолжување рок за одбрана на магистерски труд
Забелешка: Се поднесува барањето до архивата на факултетот. Има право за продолжување од максимум 1 година.
|
6.000,00 ден. |
| 2 |
Повторно пријавување на магистерски труд поради истечен рок
Забелешка: По истекот на рокот, повторно пријавува тема и ги плаќа ЕКТС-кредитите.
|
— |
| 3 |
Промена на тема или ментор на магистерска теза
Забелешка: Се поднесува барањето до архивата на факултетот.
|
2.000,00 ден. |
| 4 |
Барање за продолжување рок за одбрана на докторски труд
Забелешка: Се поднесува барањето до архивата на факултетот.
|
12.000,00 ден. |
| 5 |
Промена на тема по барање на студентот
Забелешка: Се поднесува барањето до архивата на факултетот.
|
12.000,00 ден. |
| 6 |
Промена на тема или ментор на докторска дисертација
Забелешка: Се поднесува барањето до архивата на факултетот.
|
12.000,00 ден. |
Член 7
Овој ценовник преставува единствен текст кои ги содржи сите ценовници кои ги наплаќа Факултетот кон студентите, и тоа Ценовник на Факултетот кој важи за студентите запишани пред учебната 2024/25, Анекс на Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Унив. гласник 689/2024) и Одлука за утврдување на дополнителни надоместоци за извршени услуги или трошоци поврзани со специфики во реализација на студиските програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Член 7
Овој ценовник се користи од учебната 2024/25 година и ги опфаќа сите студенти кои моментално студираат на факултетот и останува на сила до донесување на нов. Овој правилник ги става вон употреба Одлука за усогласување и дополнување на ценовниците за висината на надоместоците што ги плаќаат студентите за образовни и административни услуги на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство донесени во период од 22.08.2014 до 21.12.2023 година.