Информации од јавен карактер
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како имател на информации од јавен карактер, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедува јавност и отвореност во своето работење и овозможува остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер може да го оствари секое физичко и правно лице, без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со закон.
Основни поими
Информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал или со која располага Факултетот, согласно неговите надлежности.
Барател на информација е секое физичко или правно лице кое може да побара пристап до информација од јавен карактер, согласно закон.
Имател на информации е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на информациите со кои располага согласно своите надлежности.
Како се остварува правото на пристап
Барателот може да побара пристап до информација од јавен карактер со поднесување Барање за пристап до информации од јавен карактер.
Барањето може да се поднесе:
- во писмена форма;
- во електронска форма;
- непосредно во архивата на ФИНКИ;
- по пошта на адресата на Факултетот;
- преку електронската адреса определена за прием на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барателот не е должен да го образложи барањето, туку треба да ја наведе информацијата до која бара пристап на начин што овозможува таа да биде идентификувана.
Постапката за остварување на правото на слободен пристап се спроведува согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Службено лице за посредување со информации од јавен карактер
Службено лице за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер:
м-р Игор Цветановски
Секретар
Секретар
Адреса:
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 16
Поштенски фах 393
1000 Скопје
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 16
Поштенски фах 393
1000 Скопје
Телефон: 02/3070-377
Е-пошта: igor.cvetanovski@finki.ukim.mk
Исклучоци од слободниот пристап
Пристапот до информациите може да биде ограничен само во случаи и под услови утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, особено кога станува збор за информации за кои постои законски основ за ограничување на пристапот.
При постапувањето по барањата, ФИНКИ ги применува и прописите од областа на заштитата на личните податоци, како и другите релевантни прописи.
Законот го уредува начинот и постапката за остварување на правото на пристап до информации со кои располагаат органи и организации утврдени со закон, установи и јавни служби и други иматели на информации.
Законска и подзаконска регулатива
Акти на ФИНКИ
Обрасци