Subject

Напредно управување со софтверски проекти

1. Наслов на наставниот предмет Напредно управување со софтверски проекти
Advanced software project management
2. Код ITMW01
3. Студиска програма Управување во информатички технологии
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Faculty of Computer Science and Engineering
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Second Cycle
6. Академска година / семестар 9 / Зимски
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Љупчо Антовски
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Цели на предметната програма (компетенции):
Курсот ги вклучува теоретските и практичните аспекти на управувањето со софтверски проект. Има
за цел да развие познавање на теоретските аспекти на менаџирање на проекти и развој на софтвер, а
исто така и практично знаење на потребните вештини како планирање, организирање,
имплементирање и оценување на проект.
По успешното завршување на овој предмет, студентот ќе биде во состојба да:
 да ја демонстрира напредната примената на менаџирање на ИКТ проект
 да ги образложи моменталните трендови на истражување и проблемите во менаџирањето на
проекти
- да формулира, извршува и ревидира проектен план (да ги препознаат ресурсите, важните
моменти и ризиците)
- да ги решава проблемите за управување и мотивирање со луѓе
- да користи напредни техники и алатки за планирање и контрола на проекти
- да имплементира алатки за контрола на квалитетот за време на развивањето на проектот
- да препознава и оценува методи и стандарди
11. Содржина на предметната програма Содржина на предметната програма:
- Животен циклус на софтвер
- Планирање и распределување
- Разработка по фази,
- важни моменти,
- PERT,
- гантограми,
- WBS - работни пакети;
- распределување на ограничено време и ресурси
- Надгледување на проектот (планирање на целите, областа, ресурсите, проценката на
проектот, алатките, техниките)
- Комуникација (пишување и корегирање на извештаи, презентации, комуникација на тимот,
разрешување на конфликти)
- Управување, раководење и мотивација
- Управување со квалитетот – софтверски мерки
- Подобрување на процесот (SEI CMM модел, SPICE)
- Управување со ризици и промени
- Алатки и методи
12. Методи на учење Предавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, семинарски работи
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 60 + — + 45 + 45 + 30 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 60 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа — часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 45 часови
16.2. Самостојни задачи 45 часови
16.3. Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 0 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 45 бодови
17.3. Активности и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Нема
20. Јазик на кој се изведува наставата англиски и македонски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата Студентска анкета
22. Literature
22.1. Задолжителна литература
1. Field M & Keller L | Project Management | Thomson Business Press | 1998
2. Scott Berkun | The Art of Project Managemen | O`Reilly | 2005
3. Иан Самервил | Софтверско инженерство 8 | Просветно дело | 2010
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година