Subject
Адаптивни и интерактивни веб информациски системи
| 1. | Course Title |
Адаптивни и интерактивни веб информациски системи Adaptive and Interactive Web Information Systems |
||||||||||||
| 2. | Code | F23L3S069 | ||||||||||||
| 3. | Study Programme | — | ||||||||||||
| 4. | Organizer of the study programme (unit, institute, department or division) | Faculty of Computer Science and Engineering | ||||||||||||
| 5. | Degree level (first, second, third cycle) | Прв циклус | ||||||||||||
| 6. | Academic year / semester | 8 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Number of ECTS credits | 6 | ||||||||||||
| 8. | Teacher | Вангел Ајановски | ||||||||||||
| 9. | Prerequisites for enrolling in the course | Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури | ||||||||||||
| 10. | Objectives of the course programme (competences) | Индустријата за персонализација и адаптација на веб е во пораст. Компаниите, институциите, универзитетите, и истражувачките лаборатории имаат потреба од бројни експерти кои ги познаваат и разбираат како функционираат адаптивните интерактивни системи, персонализацијата и социјалната навигација и интеракција за да водат развој на сопствени решенија или да нарачуваат готови решенија. Од овие причини курсот има за почетна цел да ги запознае студентите со светот на адаптивните и интерактивни веб информациски системи (АИИС). Потоа студентите ќе се стекнат знаења за различните аспекти на адаптација, персонализација, социјална навигација и интеракција во АИИС, и ќе се запознаат со во моментот најактуелните адаптивни веб технологии како готови решенија или како истражувачки демонстративни решенија кои се користат во пракса. Студентите ќе разгледуваат многу примери на модерни АИИС развиени од водечките Интернет компании како Google, Yahoo, IBM, Microsoft, Ebay, Facebook, Twitter, како и повеќе лидери на специјализирани индустрии како Netflix, Booking.com, Spotify, Hulu, Zalando. Главна финална компетенција во овој предмет со која ќе се здобијат студентите е да го применат стекнатото знаење во реалниот свет преку анализа на потребите и исполнување на истите со постојните АИИС, критика на постојни АИИС и главните елементи од животен циклус за развој на сопствени решенија за АИИС, базирани на постојни техники и со користење на иновативни технологии за социјална интеракција и навигација, адаптација и персонализација. |
||||||||||||
| 11. | Course content | Податоците за употребата на системите, интересите на корисниците и нивните интеракции со системот и меѓусебни интеракции се основата за подобрување на пристапот до информациите кои ги чува и презентира еден информациски систем. Поради тоа, содржините на предметот се организирани да ги опфатат трите основни методи за доаѓање до потребните информации и методите за презентација на информациите кои се поврзани со овие основи - хипермедија, пронаоѓање информации, системи за препорачување. За секој тип на системи за овозможување и подобрување пристап до информации преку социјална навигација и интеракција, препорачувања, водење во донесување одлуки и презентација на информациите, предметот ќе тргне од три главни типа на погонувачи за подобрен пристап до информациите и препорачување - метаподатоци, клучни зборови и социјални, и темите на предавања ги опфаќаат различните техники и методи на прилагодување на системите од секој од овие три аспекти. Вежбите на предметот се организирани така што го следат животниот циклус на развој на сопствено прототип решение за адаптивен и интерактивен веб информациски систем (АИИС), од идејно решение, дизајн на архитектура, дизајн на податочен модел и дизајн социјална навигација и интеракција, персонализација и адаптација, до презентирање на финален прототип на решение за интерактивна и адаптивна рамка за навигација и пристап до информации во системот. На крај како финален испит на предметот се предвидува јавна презентација на проектите пред сите студенти на предметот, во кој сите студенти ќе се вклучат во анализа и критика на развиените решенија од нивните врсници. |
||||||||||||
| 12. | Learning methods | Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна или тимска изработка и одбрана на проектна задача, анализа и критика на решенија од врсници. | ||||||||||||
| 13. | Total available time | 6 ECTS x 30 hours = 180 hours | ||||||||||||
| 14. | Distribution of available time | 30 + 45 + 10 + 60 + 35 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Forms of teaching activities |
|
||||||||||||
| 16. | Other forms of activities |
|
||||||||||||
| 17. | Assessment method |
|
||||||||||||
| 18. | Grading criteria (points / grade) |
|
||||||||||||
| 19. | Requirement for obtaining a signature and taking the final exam | освоени 50% од предвидените поени на индивидуалните задачи | ||||||||||||
| 20. | Language of instruction | Macedonian and English | ||||||||||||
| 21. | Method for monitoring the quality of teaching | internal evaluation and survey mechanism | ||||||||||||
| 22. | Literature |
|