Subject

Мултимедиски системи

1. Наслов на наставниот предмет Мултимедиски системи
Multimedia systems
2. Код F18L3S135
3. Студиска програма
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Faculty of Computer Science and Engineering
5. Степен (прв, втор, трет циклус) First Cycle
6. Академска година / семестар 6 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник
9. Предуслови за запишување на предметот Алгоритми и податочни структури
10. Цели на предметната програма (компетенции) Запознавање на студентот со основните концепти за работа со мултимедиските податоци, начините на нивно моделирање и имплементирање и манипулација со истите. Студентот ќе биде способен да моделира мултимедиски податоци, ќе знае практично да го применува содржински-базираното пребарување на мултимедиските податоци, и ќе се здобие со воведни знаења за креирање на апликации базирани на мултимедиските содржини.
11. Содржина на предметната програма Вовед во мултимедија и класификација на мултимедиската содржина. Компоненти на еден мултимедиски систем. Креирање на мултимедиска содржина (signali, АД конверија, Фуриева трансформација, семплирање и квантизација, филтрирање и субсемплирање). Репрезентација и формати на мултимедиска содржина (слика, видео, аудио). YUV субсемплирање. Теорија на бои, трихроматност, физиологија на човековиот визуелен систем, колорни шеми (RGB, YUV, CMYK, ...). Основи на компресија на мултимедиска содржина (ентропија, таксономија, метрики). Техники за компресија (Хофман кодирање, аритметичко кодирање, LZW, замена на урнеци, векторска квантизација, кодирање на подопсег, диференцијално пулсно-кодна модулација, хибридни шеми ...). Предизвици при компресија (симетрична vs. несиметрична, адаптивна vs. неадаптивна, брзина и комплексност на енкодер/декодер, ...). Компресија на слики (GIF, PNG, MPEG, MPEG 2000, дискретна вејвлет трансформација, фрактално кодирање, ...). Компресија на видео (темпорална редундантност, блок-базирана предикција на рамки, пресметување на вектор на движење, I рамки, B рамки, P рамки, предикција на повеќе рамки, GOP видео структура). Комплексност на компензација на движење (логаритамско vs. хиерархиско пребарување). MPEG стандард. Компресија на аудио (делта модулација, логаритамска квантизација, ...). Основи за QoS и QoE.
12. Методи на учење Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 15 часови
16.2. Самостојни задачи 15 часови
16.3. Домашно учење 75 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 10 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 15 бодови
17.3. Активности и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 70 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит реализирани активности 15.2 и 16.1 и 16.2
20. Јазик на кој се изведува наставата македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Literature
22.1. Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година