Subject

Дигитални библиотеки

1. Наслов на наставниот предмет Дигитални библиотеки
Digital libraries
2. Код F18L3S094
3. Студиска програма
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Faculty of Computer Science and Engineering
5. Степен (прв, втор, трет циклус) First Cycle
6. Академска година / семестар 6 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник
9. Предуслови за запишување на предметот Бази на податоци и (Интернет програмирање на клиентска страна или Интернет технологии или Веб програмирање)
10. Цели на предметната програма (компетенции) Запознавање на студенти со актуелните елементи од областа дигитални библиотеки (ДБ): основи и архитектури на дигитални библиотеки, технологии, управување, организација и развој на дигитални ресурси, презентација на знаење и негово откривање (прибирање на информации), мета-податоци, шеми и стандарди и релевантни интелектуални права. Во зависноста од тековниот интерес студентите ќе се запознаат со конкретен апликативен софтвер за дигитална библиотека и со практики во работењето како и евалуација на истите. По завршување на курсот се очекува студентот да демонстрира знаење за основни елементи на ДБ, технологии за развој и изградба на ДБ, начини на примена, управување и организација на ДБ
11. Содржина на предметната програма Вовед дефиниција и преглед на дигитални библиотеки (ДБ). Историја, основни карактеристики и визија на ДБ. Типови дигитални содржини и нивна организација, мета податоци, формат-специфични метаподатоци, стандарди и практики во ДБ (OAI-PMH, Z39.50, DublinCore и други), обезбедување интероперабилност. Архитектури и системи на ДБ, репрезентациски шеми и организација на содржини. Кориснички ориентиран дизајн на ДБ. Методи и принципи на прибирање на информацнии семантичко прибирање на информации. Прикажување на резултатите и интеракција со податоци, употребливост, евалуација. Управување со системите на поддршка на дигиталните библиотеки. Зголемување перформансите. Споредба и поврзување на дигиталните и класичните библиотеки. Заштита на дигитални содржини, авторски права. Примери на дигитални библиотеки: текстуални ДБ, стари ракописи, видео записи, мапи и други. Улогата на дигиталните библиотеки во образованието и е-образованието. Институционални, социални и професионални предизвици на ДБ. Идни трендови на развој во ДБ.
12. Методи на учење предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, проектни задачи, домашни задачи
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 15 часови
16.2. Самостојни задачи 15 часови
16.3. Домашно учење 75 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 10 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 15 бодови
17.3. Активности и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 70 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности: лабораториски вежби и домашни задачи
20. Јазик на кој се изведува наставата македонски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Literature
22.1. Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година