Subject

Процесирање на сигналите

1. Наслов на наставниот предмет Процесирање на сигналите
Signal processing
2. Код F18L3S047
3. Студиска програма Компјутерско инженерство
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Faculty of Computer Science and Engineering
5. Степен (прв, втор, трет циклус) First Cycle
6. Академска година / семестар 6 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник
9. Предуслови за запишување на предметот Инженерска математика или Калкулус 2
10. Цели на предметната програма (компетенции) Познавањето на основите и техниките на дигиталното процесирање на сигнали е важно за секој инженер кој работи на апликации каде што има процесирање на сигнали. Со курсот студентите се воведуваат во теоретските основи дигитално процесирање на сигнали кои вклучуваат дискретизација, Фуриеова и z – трансформација. Студентите ќе стекнат и познавања од основните алатки како што се дигиталните IIR и FIR филтри. Во курсот ќе бидат дадени и основите на теоријата на управување. Преку бројните примери и вежби студентите ќе научат и практично да користат готови алатки за процесирање на сигнали.
11. Содржина на предметната програма Вовед во дигитално процесирање на сигналите. Основни сигнали во дискретно време и операции со нив. Дискретна Фуриеова трансформација и Фуриеова трансформација во дискретно време. Врски меѓу Фуриеовите трансформации и нивни особини. Брза Фуриеова трансформација. Линеарни временски инваријатни системи. z – трансформација и инверзна z – трансформација. Дигитални филтри. Дизајнирање на филтри. Земање примероци и интерполација. Процесирање на стохастични сигнали и квантизација. Дводимензионална Фуриеова анализа. Основи на теорија на управување.
12. Методи на учење Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 15 часови
16.2. Самостојни задачи 15 часови
16.3. Домашно учење 75 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 10 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 15 бодови
17.3. Активности и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 70 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани актибвности 15.2 и 16.1
20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Literature
22.1. Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година