Subject

Електрични кола

1. Наслов на наставниот предмет Електрични кола
Electric Circuits
2. Код F18L2S042
3. Студиска програма Компјутерско инженерство
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Faculty of Computer Science and Engineering
5. Степен (прв, втор, трет циклус) First Cycle
6. Академска година / семестар 4 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Запознавање со основните поими и појави од електричните кола, со основните закони и теореми во теоријата на електричните кола и со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски констатни и временски прпоменливи струи и напони. Користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството.
11. Содржина на предметната програма (1) Потенцијал на електрично поле и електричен напон. (1) Капацитивност и кондензатори. (1) Стационарна електрична струја ( DC). Електрична отпорност. Омов и Џулов закон. (1) Електрични извори и електромоторна сила. Електрични мрежи во DC-режим. (2) Методи за решавање на електрични кола. Суперпозиција. Тевененова теорема. (5ч) Софтверски алатки за решавање на DC-електрични кола. (1) Временски константно магнетно поле. Вектор на магнетна индукција. (1) Амперов закон. (1) Електромагнетна индукција. Принцип на работа на електричен генератор, мотор и трансформатор. (1) Временски променливи простопериодични струи и нивно претставување со фазори и комплексни броеви. Аналитички методи за решавање на RLC. (1) Методи за решавање на сложени електрични кола во AC- режим. (1) Модел и анализа на едноставни RLC кола со помош на симулатор на коло.
12. Методи на учење Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 15 часови
16.2. Самостојни задачи 15 часови
16.3. Домашно учење 75 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 10 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 15 бодови
17.3. Активности и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 70 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани актибвности 15.2 и 16.1
20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Literature
22.1. Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година