Subject

Основи на молекуларна биологија

1. Наслов на наставниот предмет Основи на молекуларна биологија
Fundamentals of Molecular Biology
2. Код BI-Z-01
3. Студиска програма Биоинформатика
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Faculty of Computer Science and Engineering
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Second Cycle
6. Академска година / семестар 9 / Зимски
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Сашо Панов
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Студентите треба да се стекнат со основни и проширени знаења за молекуларната биологија, за структурата и функцијата на биомакромолекулите (DNA, RNA и протеините) и основните процеси: репликација, транскрипција и транслација.
11. Содржина на предметната програма Вовед - основни концепти и историски осврт. Дефиниција на молекуларната биологија. Кус историски осврт. Централна догма на молекуларната биологија. DNA молекулите како носители на генетските информации; експериментот на Евери; експериментот на Хиршеј и Чејс. Основни карактеристики на наследниот материјал; структура на DNA; Вотсон-Криков модел за структурата на DNA молекулот; структурна организација на DNA молекулот во хромозомите; суперспирализирана структура на циркуларните DNA молекули; нуклеозомална организација на DNA кај екариотите. Репликација на DNA; експериментот на Мезелсон и Стал; DNA полимерази; иницирање на репликацијата; репликациска вилушка; елонгација; реплизом - молекуларна машина за DNA репликација; специфики на DNA репликацијата кај еукариотите; репликациски проблем со теломерните краеви; терминирање на DNA репликацијата. Транскрипција - синтеза на RNA по урнек на DNA. Структура и функција на RNA молекулите. Транскрипција кај прокариотите; инцицијација на транскрипцијата, елонгација на транскрипцијата и терминацијата на транскрипцијата кај E. coli. Транскрипција кај еукариотите. Посттранскрипциски модификации; процесирање на 5` и 3` краевите на примарниот транскрипт од протеин-кодирачките гени. RNA сплајсинг - прекројување на примарниот RNA транскрипт; алтернативен сплајсинг. Транслација - синтеза на протеини. Генетски код. Транспортна RNA; поврзување на аминокиселините со tRNA. Рибозомите како транслациска машинерија. Процес на транслација; иницијација, елонгација и терминација на транслацијата. Протеини - номенклатура, големина на протеинските молекули. Нивоа на протеинската структура - примарна, секундарна, терциерна и кватерна структура. Структурна класификација на протеините. Примери на глобуларни, фибриларни и мембрански протеини. Регулација на транслацијата; посттранслациски случувања. Посттранслациска модификација на протеините.
12. Методи на учење Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 60 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 0 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 45 часови
16.2. Самостојни задачи 45 часови
16.3. Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 15 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 45 бодови
17.3. Активности и учење 15 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит реализирани активности 15
20. Јазик на кој се изведува наставата македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата Механизам на интерна евалуација и анкети
22. Literature
22.1. Задолжителна литература
1. Сашо Панов | Основи на молекуларната биологија и молекуларната генетика | УКИМ | 2014
2. T. A. Brown | Genomes 4, 4th Edition | Garland Science | 2017
3. Jonathan Pevsner | Bioinformatics and Functional Genomics | Wiley-Blackwell | 2015
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година