Зорица Карапанчева

Зорица Карапанчева е родена на 26 јуни 2000 година во Скопје. Средното образование го завршува во СУГС „Никола Карев„ во Скопје со континуиран одличен успех. Наградувана е на повеќе регионални и државни натпревари во повеќе области. Во 2018 година се стекнува со сертификат како Microsoft Office Specialist. Високото образование го продолжува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – насока Компјутерско инженерство. Дипломира во 2022 година со просечна оцена 9.13 и со дипломска работа на тема „Анализа и имплементација на Data Vault методологија на облак преку користење на Amazon Web Services платформата“, под менторство на проф. д-р Сашо Граматиков. Во учебната 2023/24 се запишува на магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, насока Пресметување во облак. Со три годишно искуство како Data Engineer има искуство во спроведување на целосни проекти со интернационални и македонски клиенти, додека паралелно се има стекнато со повеќе сертификати за специјализации во областите на Cloud Computing и Data Engineering. Во учебната 2023/2024 година е избрана за демонстратор и изведува аудиториски и лабораториски вежби по предметите Бази на податоци, Компјутерски мрежи, Компјутерски мрежи и безбедност, Физика, Структурно програмирање, Интегрирани системи, Компјутерски архитектури и Оперативни системи. Полињата на нејзиниот научно – истражувачки интерес се: бази на податоци, анализа на податоци, бизнис интелигенција и пресметување во облак.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.