д-р Жанета Попеска
Родена е 1955 година во Струга. Средно гимназиско образование добила во Скопје во 1974 година На Математичкиот факултет во Скопје дипломирала во мај 1979 година Постдипломски студии следела на Универзитетот SUNY во Бингамтон, САД (1981-1983), каде што се здобила со звањето Master of Arts in Mathematical Sciences. На ИИ при ПМФ ја одбранила магистерската работа “Испитување на веројатноста од грешка на множество репрезентативни примероци во дискриминантната анализа”, под менторство на проф. д-р Ѓорѓи Чупона, во 1990 година Докторската дисертација “Алгебарско комбинаторни методи во теоријата на примерок и експериментален дизајн” ја одбранила во 1998 година на ПМФ, со што стекнала степен доктор на математички науки. Во периодот од 1979 до 1980 година била професор по математика во средно училиште, од 1980 до 1983 година асистент на Универзитетот SUNY Binghamton, САД, од 1984 до 1987 година стручен соработник во Заводот за информационен систем на град Скопје, од 1987 до 1991 година помлад аситент на ИИ при ПМФ, од 1991 до 1998 аситент, од 1998 до 2003 година доцент, а од 2003 година е вонреден професор. Специјализација и усовршување имала: од 1981 до 1983 на Државниот универзитет на Њујорк Бингамтон, САД; на Универзитетот Карлетон, Отава во 1990 година; во Меѓународниот центар за теориска физика “Абдус Салам” во 1999 година и на Институтот за актуарство, Оксфорд, Велика Британија во 2004 година Како наставник на додипломските студии држела предавања по следниве предмети: математичка статистика, множества, вектори и матрици, аналитичка геометрија на студиите по информатика; статистика, анализа и временски серии, теорија на примерок на студиите по математика; математички методи во хемијата; статистика за географи; алгебра на студиите по математика-физика; вовед во програмирање 1, вовед во програмирање 2 на студиите по техничка информатика на Техничкиот факултет во Битола. На постдипломските студии држела настава по: обработка на податоци, повеќедимензионална статистичка анализа, теорија на сигурност на системи на студиите по информатика и математика; математика со статистика и биостатистика на студиите по биологија; популациона генетика на студиите по генетско инженерство, МАНУ. Ментор е на магистерска работа и член на комисии за одбрана на повеќе магистерски работи и докторски дисертации. За потребите на наставата има изработено скрипти со предавања по: математичка статистика, математички методи во хемијата, вектори и матрици, достапни на веб-страницата на ИИ. Главна научна преокупација на д-р Жанета Попеска е развојот и примените на статистичките методи во повеќе области. Од 1996 година е консултант за статистика во Центарот за генетско инженерство и биотехнологија на МАНУ. Учествувала во работата на 6 домашни и на 3 меѓународни проекти и раководела со еден проект. Учествувала со излагања на голем број меѓународни и домашни конгреси, симпозиуми и конференции. Член е на СДММ, Здружението на статистичарите на Македонија (претседател), на Mathematical Association of South Eastern Europe и на Советот на експерти на МАСИТ.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.