д-р Маргита Кон-Поповска
Родена е 1948 година во Битола. Основно и гимназиско образование оформила во Риека, Хрватска. Студии по техничка математика завршила во 1972 година на Факултетот за природни науки и технологија во Љубљана, Словенија. Степен магистер по операциони истражувања стекнала во 1975 година на Универзитетот во Љубљана, со одбрана на трудот “Racunalniska obdelava zveznega dinamicnega linearnega programiranja”. Исто така на Универзитетот во Љубљана го добила звањето доктор на информатички и управувачки науки, со одбрана во 1992 година на дисертацијата “Enoparametrsko zvezno linearno programiranje, teoreticni in algoritemski pristop”. Во академската 1987/88 година престојувала на специјализација за развивање интелигентни математички програмски системи на Mathematical Department, University of Colorado во Денвер, САД, а во 1997 година, во рамките на DAAD програмата, престојувала 2 месеца како визитинг професор, на Fern University, Хаген, Германија работејќи во областа на параметарското программирање. Во периодот од 2000 година до денес престојувала по 1 до 4 недели на повеќе Универзитети во Европа во рамките на проектите со кои раководела: Open University, Лондон и Loughborough University во ВБ, Royal School of information sciences and library, Копенхаген, Technical University of Athens, Атина, Aristotle University и Macedonia University, Солун, International Atomic Energy Agency, Виена, University Merseburg, Германија, Бугарската академина на науките, Софија, Универзитетот во Нови Сад, Србија, и други. Почнала да работи, уште како студент, во 1971 година, како програмер-асистент во Сметачкиот центар на Институтот за математика, физика и механика на Универзитетот во Љубљана, а во 1972 година како самостоен програмер на Економскиот факултет во Љубљана. Во 1973 година се преселила во Скопје, каде што била избрана за стручен соработник на Математичкиот институт со нумерички центар при Универзитетот. Потоа била унапредена за предавач и за виш предавач, а по докторирањето за вонреден професор по операциони истражувања и информатика при Институтот за информатика на ПМФ. За редовен професор е избрана во 1998 година. Д-р М. Кон-Поповска има мошне богата наставна дејност. На студиите по информатика држи настава по предметите: операциони истражувања, бази на податоци, бази на податоци II, компјутерска графика, информациони системи, моделирање и симулација со визуелизација, а порано изведувала настава и по програмски јазици и структури на податоци. Курсеви по информатика држела или држи за студентите по физика, биологија и географија на ПМФ, за студентите по социологија, одбрана, социјална работа и социјална политика и историја на Филозофскиот факултет и компјутерско проектирање на Архитектонскиот факултет.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.