д-р Данчо Давчев
Роден е 1949 година во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград (1972). Tитулата доктор-инженер ja стекнал на Универзитетот во Орсеј, Paris – Sud, Франција (1975). Докторирал на Електротехничкиот факултет во Белград (1981). Бил на постдокторски истражувања на универзитетите во Калифорнија (1984-1985). На Електротехничкиот факултет во Скопје бил вработен во 1973 како асистент. Понатаму напредувал во звањата доцент (1980), вонреден професор (1985) и редовен професор (1991). Држел/држи настава по предмети од областа на структури и бази на податоци, дистрибуирани компјутерски системи, мултимедиски системи и бази на податоци, информациони системи, oбјектно-ориентирани системи. Како автор/коавтор има објавено повеќе од 250 труда во меѓународни списанија или зборници од меѓународни конференции, еден универзитетски учебник и книгата “Мултимедиски системи”. Повеќе негови трудови се цитирани (стотина пати) од други автори, што е регистрирано во SCI. Бил раководител на 12 проекти финансирани од Владата на Р. Македонија, 19 меѓународни проекти (финансирани од Националната фондација за наука на САД, ЕУ PHARE, TEMPUS, UNESCO, Владите на Франција, Италија) и повеќе од 16 апликативни проекти за индустријата (финансирани од Искра Делта Љубљана, ЕСМ, Министерства за здравство, економија, одбрана, ветерина, УКИМ и Светска банка). Добитник е на награда “Гоце Делчев” за 1996 година, за исклучителни остварувања во науката. Член е на IEEE (senior member) и на ACM (senior member). Во текот на 2001/02 бил визитинг професор на повеќе универзитети во САД, пред сé во Аризона, Темпи. Полиња на интерес: мултимедиски информациони системи, безжични сензорски мрежи, биотехнологии, кориснички интерфејси, бази на податоци, дистрибуирани системи, пребарување на податоци, екологија, мобилно сметање.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.