д-р Андреа Кулаков

(Октомври 2011) Андреа Кулаков заврши гимназија во 1990, на возраст од 16 години, откако успеа на два пати да зема по две школски години во една (7 и 8 одд. и III и IV год. во средно). Потоа се запиша на Електротехнички факултет Скопје и во 1995 година дипломира со највисок просек 9,91 во својата генерација 1990-95. Во 1995 ги почна постдипломските студии по Когнитивни науки на Нов бугарски универзитет во Софија, Бугарија, во мала меѓународна група на студенти со настава на англиски јазик. Студиите ги заврши со одличен успех (5,71 од макс. 6,00). Во јули 1998 ја одбрани својата магистерска теза “Vygovorotsky – An Anticipative and Analogy-making Actor” со одличен успех (5,50), пред пет-члена меѓународна комисија (без менторот). Во 1999 магистерската диплома беше нострифицирана на Електротехнички факултет Скопје. Во текот на 9 месечниот воен рок во 1999 г. беше и демонстратор на Воената академија по предметот „Информатика“. Потоа шест месеци работеше во меѓународната софтверска компанија Мак-Систем, од кои месец и пол беше на обука во Париз, Франција. Од април 2000 г. до септември 2011 г., Андреа Кулаков беше вработен на Институтот за Компјутерска техника и информатика при Електротехнички факултет (подоцна Факултет за електротехника и информациски технологии) Скопје, прво како асистент, а од 2007 г. како доцент. Има предавано повеќе предмети од областите на Вештачка интелигенција, Роботика и Бази на податоци и во прв и во втор циклус на студии. Во јуни 2005 година ја освои наградата за истражувања кои водат до одбрана на докторска дисертација од најголемото друштво на електро инженери ИЕЕЕ, поточно од нивното Друштво за Компјутерска интелигенција (http://ieee-cis.org/edu/research/ подолу, во делот за 2005). Во декември 2006 година ја одбрани својата докторска теза “Управување со податоци кај безжични сензорски мрежи” на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Бил истражувач и главен истражувач на неколку домашни и меѓународни проекти, финансирани од МОН, од програмите ТЕМПУС и од Рамковната програма 6 на Европската Унија. Во 2008 го основа напредното технолошко Друштво за истражување и развој НИ ТЕКНА – Интелигентни технологии (www.ni-tekna.com), кое работи на развој на напредни решенија каде е неопходна примената на техниките од Вештачката интелигенција. Во март 2011 беше еден од основачите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје. Во Август 2011 беше избран за раководител на Институтот за интелигентни системи при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Одговорен е за неколку предмети на додипломски и магистерски студии од областите вештачка интелигенција, анализа на податоци, роботика и безжични сензорски мрежи. Има објавено преку 60 научни труда на меѓународни конференции и во меѓународни списанија, како и поглавје во книга. Неговите истражувања се фокусирани на областите: роботика, деловна интелигенција, обработка на слика и звук и други подобласти на когнитивни науки и вештачка интелигенција. Покрај мајчиниот македонски, зборува течно и англиски, српски и бугарски, а се служи и со германски, француски, руски и словенечки јазик. Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.