д-р Ана Мадевска Богданова

Родена е 1967 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Во 1991 година дипломирала на Институтот за информатика при ПМФ во Скопје како најдобар дипломиран студент во тековната академска година. На Институтот за информатика почнала и да работи како стручен соработник во 1992 година. Во 1996 година магистрирала на темата „Модификација на повеќеслојни невронски мрежи без повратни врски и нивно изучување“ (магистер по информатички науки), а во 2003-тата ја одбранила докторската дисертација под наслов “Препознавање облици со примена на машините со поддржувачки вектори и повеќеслојните невронски мрежи без повратни врски“ (доктор на информатички науки), на ИИ, ПМФ. Од пролетта 2004 работи како доцент на Институтот за информатика и држи настава по предметите: интелигентни системи, биоинформатика, основи на оперативните системи, основи на програмирање, објектно и визуелно програмирање, методика на информатичката настава, практикум, информациски технологии во образованието. Наставник е и на постдипломските студии по информатика и биологија. Главно подрачје на научен интерес на проф. Мадевска-Богданова е областа на вештачките интелигентни системи – препознавање облици, биоинформатика, податочно рударење, а работи и на формализираното претставување на знаење и на методиката на наставата по информатика. Објавила 40-тина трудови од областите на нејзиниот интерес во книги списанија со импакт фактор, меѓународни списанија и зборници на трудови од меѓународни и домашни конференции. Досега објавила неколку учебни помагала, како и материјали за сите курсеви кои ги одржувала. Била уредник во списанието Бит+, во издание на ИИ. Учествувала во вкупно 7 домашни и 8 меѓународни научноистражувачки проекти. Мадевска-Богданова престојувала на неколку странски универзитети. Ги следела Интернационалната летна школа за когнитивна наука во Софија и ERASMUS програмата за математички методи во технологијата во Антверпен, Белгија. Во рамките на TEMPUS проект имала 3-месечен престој во Лувен, Белгија. Во текот на последните 15 години неколку пати имала стручен престој на Католичкиот универзитет во Лувен, Белгија, и на Мастрихт -универзитетот, Холандија. Била поканет предавач на Универзитетот во Мејн, САД. Во 2003-2005 година била раководител на Компјутерскиот центар на ИИ, а од 2005-2009 година била раководител на Заводот за програмско инженерство и раководела со активностите за промоција на ИИ. Почнувајќи од 2009-та година, таа е Раководител на Институтот за информатика. Член е на Здружението на информатичарите на Македонија и во неколку наврати била претседател на комисии за натпревари. Член е на Европското здружение за невронски мрежи. Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.