Министерство за образование и наука Истечен

Оглас за пријавување на студенти за пракса за Техничка поддршка на ИТ инфраструктурата и системите на МОН

Објавено: 15.10.2025 15:55
Рок: 03.11.2025

Опис

Министерството за образование и наука објавува повик за пријавување на заинтересирани студенти за исполнување на обврската за тримесечна пракса во нашите работни единици, на следната позиција:
Техничка поддршка на ИТ инфраструктурата и системите на МОН

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се редовни студенти со завршена втора година на студии од областа на информатичките науки или компјутерското инженерство.
- Познавање на администрирање на Windows оперативен систем ќе се смета за предност.
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност.
- Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.