Упис на зимски семестар 2024/2025

Почитувани студенти,

Во табелата дадени се термини за комплетирање на документи за упис на зимски семестар 2024-2025 година, пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ.20) and индекс.

Студентите кои не извршиле уплата за упис на семестар, истото треба да го направат преку Iknow системот или на уплатници согласно новиот ценовник:

  • Уплата за школарина (пример уплатница)
  • Уплата во износ од 1000 денари на сметката на Финки (Дополнителни надоместоци за извршени услуги или трошоци поврзани со специфики во реализација на студиските програми на Факултетот) (пример уплатница)
  • Уплата од 750 денари на сметката на Уким, ИКСССА (Информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитет) (пример уплатница)
  • Уплата од 350 денари на сметката на Уким, E-УКИМ (Користење на електронски услуги од УКИМ – формулари, пријави, уписни и листови за заверка на семестар) (пример уплатница)
  • Уплата од 100 денари на сметката на Уким (Реализирање на дигиталната услуга – запишување и заверување на семестар) (пример уплатница)

Се замолуваат студентите да не чекаат за носење на документација во последниот ден бидејќи се создава многу гужва и нема да може сите да бидат услужени.

Студенти запишани во учебната година Дата (работни денови) Приемно време
2023 – 2022 11.11.2024 – 15.11.2024 Од 09 до 12 часот
2021 – 2020 18.11.2024 – 22.11.2024 Од 09 до 12 часот
2019 – 2018 25.11.2024 – 29.11.2024 Од 09 до 12 часот
2017 – Oстанати 02.12.2024 – 06.12.2024 Од 09 до 12 часот