Пријавување за спортските екипи на

Почитувани студенти, ве информираме дека во тек е пријавувањето за универзитетските спортски лиги. Имаме право да се пријавиме за следните спортови:
  • Кошарка – Мажи/Жени
  • Ракомет – Мажи/Жени
  • Одбојка – Мажи/Жени
  • Пинг Понг – Мажи/Жени
  • Футсал – Мажи

Бидејќи времето за пријавување е кратко, ги молиме сите заинтересирани за кој било од горенаведените спортови да испрати кратко CV во кое ќе го наведе своето претходно искуство со истите на finkisports@gmail.com. Ве молиме сите пријави да ги испратите најдоцна до сабота, 04.02.2012 година, за да може да се направи прелиминарно формирање на екипите и пријавување на истите.