Пријавување за спортски активности
Комисијата за спорт при Студентскиот Парламент на ФИНКИ ги известува сите студенти дека започнуваат пријавувањата за следните спортски активности кои ќе се одржуваат во рамките на Факултетот:
– машки спортски активности: футсал, кошарка, ракомет, одбојка и пинг-понг
– женски спортски активности: кошарка, ракомет, одбојка и пинг-понг
Сите заинтересирани потребно е да испратат е-маил на sports@sp.finki.ukim.mk со наслов (subject) името на спортот за кој сакаат да се пријават и краток опис на спортското искуство.
Пријавувањето трае до 01.12.2013.