Листа на пријавени кандидати со успех од средно образование од втор уписен рок 2021/2022 година
Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2021/2022 година. Листата ги содржи само кандидатите кои во предвидениот рок ги пратиле сите потребни документи согласно конкурсот.
Листата можете да ја најдете на следниот link.
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 20.09.2021 од 10:00 часот, најдоцна до 21.09.2021 до 11:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти.
Техничките пропусти се однесуваат на:
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање, избор на специјални услови или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Приговорите се доставуваат со пополнување и потпишување на образецот, кој треба да се испрати по електронска пошта на upisi-finki@ukim.edu.mk.