ФИНКИ се грижи за своите студенти!

Со гордост го објавуваме почетокот на работата на ФОКУС Лаб.

На 3-ти јуни на ФИНКИ беше претставена програмата ФОКУС Лаб – простор за студентска соработка, поддршка и колегијалност, каде секој студент ќе има можност да го развие својот потенцијал. 

ФОКУС Лаб беше поздравен од Деканот на ФИНКИ проф. Петре Ламески, а планот на работа беше претставен од раководителот на ФОКУС Лаб – проф. Ана Мадевска Богданова, претседателот на ФСС Финки – Георгина Илиевска и инж. Стефанија Филипашиќ, авторка на апликацијата за полесно фокусирање при учењето, FocusMe. После официјалниот дел, се одржа неформална средба. 

Што нуди ФОКУС лаб?

Peer-to-peer поддршка: сесии со ментори (постари колеги, тутори и асистенти) кои нема да даваат готови решенија, туку ќе помогнат САМИТЕ студенти да ги совладуваат материјалите – без страв од грешки, поени и потписи!

Паметно, а не напорно учење: работилници за техники на учење, менаџирање со времето и намалување на академскиот стрес.

Работа во група за одреден предмет – тимска работа: градење пријателства и мрежа од колеги кои си помагаат меѓусебно со обврските на предметот.

Активности во јуни:

8-ми јуни (понеделник) во 13:00 часот – Прв час по Структурно програмирање (Голем ФИНКИ амфитеатар)
18-ти јуни (четврток) во 18:00 часот – Прв час по Објектно ориентирано програмирање (Голем ФИНКИ амфитеатар)

Следете не’ за следните активности на ФОКУС Лаб!