Задолжителен систематски преглед за прва година

З.У. Поликлиника на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје им соопштува на студентите во прва година на студии на ФИНКИ да се јават на задолжителен систематски преглед од 17.12.2012 до 24.12.2012 година од 7.30-12.00 часот.

Систематскиот преглед ке се врши во просториите на Поликлиниката која е сместена до студенскиот дом “Кузман Јосифовски Питу”-Скопје на Ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.58 со следниот распоред по групи:

  • Група 2, ИНФО: Понеделник 17.12.2012
  • Група 3, ИКИ: Вторник 18.12.2012
  • Група 4, ИТ: Среда 19.12.2012
  • Група 1, АСИ: Четврток 20.12.2012
  • Група 5: Понеделник 24.12.2012

Систематскиот преглед опфаќа:

  • Лабораторија (крвна слика и преглед на урина) напомена:студентот не мора да биде гладен
  • Општ медицински преглед
  • Превентивен стоматолошки преглед

Потребни документи:

  • Индекс
  • Заверена здравствена легитимација
  • Копија од здравствена легитимација(од 2 до 5 страна)
Од поликлиниката напоменуваат дека согласно одлуката на советот на Универзитетот број 28/3 на студентите кои нема да бидат систематски прегледани нема да им биде заверен зимскиот семестар.
Се молат студентите строго да се придржуваат на распоредот и терминот на прегледот.