Систематски преглед за студентите од прва година

Сите студенти од прва година на студии задолжително треба да направат систематски преглед. Систематските прегледи се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, на улица Митрополит Теодосиј Гологанов број 58.

Прегледите се вршат во работни денови од 7:30 до 12:00 часот, во перидот од 01.12.2016 до 24.12.2016 година. За прегледот, студентите е потребно да носат со себе:

  • Индекс
  • Заверена здравствена легитимација и електронска здравствена картичка
  • Копии ос страниците 2 до 5 од здравствената легитимација

Прегледот вклучува лабораториска анализа (od 7:30 до 10:00 часот), општ медицински преглед и стоматолошки преглед. Целосното соопштение можете да го најдете на овој link.