Пријавување испити за августовска сесија 2016/2017 година
Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за додипломски и постдипломски студии за августовскиот испитен рок 2016/2017 година ќе се одвива во периодот од 09.08.– 18.08.2017 година. Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале.
Најавувањето е преку централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријаувањето на проблем со задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.
Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвора почетната страница за студентите. На неа се наоѓаат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бројот на индекс на најавениот студент.
Хартиената пријава се купува во околните книжари, скриптари и други продажни места за студентски документи. Истата треба да има потврда за платена административна такса од 50МКД (електронски, според ова упатство при што се запишува трансакцискиот број добиен со СМС порака, во горниот десен агол на предната страна на пријавата или прикачена уплатница која е достапна тука за уплатена административна такса) (шифрарникот на општини е достапен тука).
Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава, а во терминот за испит или втор колоквиум задолжително ќе донесат и хартиена пријава.