Пријавување испити за јануарско-февруарска испитна сесија 2019/2020 за Втор циклус на студии

Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за втор циклус на студии за јануарско-февруарска испитна сесија 2019/2020 година ќе се одвива во периодот од 30.1.2020 – 15.2.2020 година. Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полага во сесијата.

Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок. Кратко упатство за користење на системот може да најдете тука.