Листа на пријавени кандидати со успех од средно образование од втор уписен рок 2024/2025 година

Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2024/2025 година. Листата можете да ја најдете на следниот link.
Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година најдоцна до 20.09.2024 до 14:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се доставуваат со пополнување на формата на следниот link
Техничките пропусти се однесуваат на:
1.Печатна грешка на основен избор на студиска програма
2.Избор со кофинансирање
3.Редослед на студиски програми
4.Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)