Молби за намалена партиципација за студенти од еднородителски семејства
Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2025/2026 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
- само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
- починат родител, или
- родител кој го загубил родителското право.
– за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии
– за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити
Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи:
– потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
– за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
– за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија
– пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход
– за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
– за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
Доколку е потребно, можно е да биде побарано документите дополнително и физички да се достават во архивата на ФИНКИ.