INSCALE Истечен

Data Science Intern

Објавено: 05.12.2025 10:26
Рок: 19.12.2025

Опис

Локација: Хибридно (Inscale Office + работа од дома)
Траење: 3 месеци + можност за продолжување уште 3 месеци (врз основа на перформанс)
Тим: Verba AI

Опис на улогата

Како Data Science Intern ќе работиш на обработка, анализа и визуелизација на податоци, поддржувајќи го развојот на AI-моделите и продукциските функционалности. Ќе учествуваш во градење податочни сетови, метрики и алгоритми кои се користат за подобрување на производот.

Одговорности:
• Систематизација, обработка и анализа на реални податоци
• Креирање визуелизации, извештаи и метрики
• Поддршка при подготовка на податоци за ML/LLM модели
• Работа со Python (Pandas, NumPy, Matplotlib)
• Тестирање на моделски перформанси и подготовка на препораки
• Работа со продукт и инженерски тим за подобрување на производите

Потребни квалификации:
• Основи во статистика, анализа на податоци и моделирање
• Практично искуство со Python
• Познавање на SQL е предност
• Основи на machine learning – пожелно
• Одлично познавање на англискиот јазик
• Способност за аналитичко размислување и внимателност кон детали

Што нудиме:
• Работа на реален AI продукт што се користи од компании во Европа
• Менторство од искусни инженери и бизнис-тим
• Хибриден модел на работа со флексибилност
• Можност за целосно вработување по успешно завршен период
• Сертификат за успешно завршена пракса