Subject
Програмирање на видео игри
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Програмирање на видео игри Video Games Programming |
||||||||||||
| 2. | Код | F23L3W152 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Прв циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 7 / Зимски | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Катарина Тројачанец Динева, Сузана Лошковска | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Целта на предметот е да ги запознае студентите со процесот на програмирање на видео игри. За таа цел студентите ќе бидат запознаени со основните компоненти на една видео игра и начинот на кој истите се програмираат. По завршување на курсот се очекува кандидатот да ги разбира концептите за програмирање на видео игри и да може да реализира програмски самостојно или во тим едноставна видео игра. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Предавања: 1. Вовед. Дефиниција. Кратка историја. Класификации и видови игри. 2. Архитектура на игра. Иницијализација на игра. Обезбедување излез од играта. 3. Актери во играта. Начини на дефинирање на актери. Композиција од објекти за дефинирање карактеристики на актери. 4. Главен циклус на игра. Начини за контрола на текот на играта. Користење на нитки. 5. Кеширање на ресурси за играта. Видови податоци. Техники за ефикасно сметување на податоците и ефикасно читање на истите. 6. Влезни уреди. Видови. Контрола на влез. 7. Кориснички интерфејси за игри. Дефинирање на поглед. Програмирање на контроли и екрански елементи. Локализација. 8. Менаџирање на настани во игра. Додавање и контрола на звук во игра. 9. Основни принципи за графика во игра. Дефинирање на материјали. Координатни системи и трансформации. Репрезентација на графички објекти во игра. Светлински модел. 10. Графика во игра. Користење на текстури. Репрезентација и програмирање на 3Д сцени. 11. Физика во игри. Закони и вметнување на закони во однесување на елементите. Програмирање на колизии. 12. Вештачка интелигенција. Техники за опишување на однесување на виртуелни актери. Вежби: 1. Вовед во технологии и програмски јазици што овозможуваат програмирање на видео игри. 2. Понапредни карактеристики на технологиите и програмските јазици што овозможуваат програмирање на видео игри. 3. Имплементација на примери за дефинирање актери и нивните карактеристики. 4. Имплементација на основен облик на главниот циклус на играта. 5. Имплементација на покомплексен облик на главниот циклус на играта. Сместување и читање податоци. 6. Имплементација на примери што вклучуваат влез и контрола на влез во играта, 7. Имплементација на кориснички интерфејс за играта. Програмирање на контроли и екрански елементи. Локализација. 8. Имплементација на примери со менаџирање на настани во игра. Додавање и контрола на звук во игра. 9. Примери што вклучуваат графика во играта. Дефинирање на материјали. Координатни системи и трансформации. Репрезентација на графички објекти во игра. Светлински модел. 10. Примери што вклучуваат користење на текстури. Репрезентација и програмирање на 3Д сцени. 11. Примери што се донесуваат на физиката во игрите. Закони и вметнување на закони во однесување на елементите. Програмирање на колизии. 12. Примери што вклучуваат вештачка интелигенција. Техники за опишување на однесување на виртуелни актери. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | реализирани активности 15.1 и 15.2 | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|