Subject

Математика 3

1. Наслов на наставниот предмет Математика 3
Mathematics 3
2. Код F23L3W001
3. Студиска програма Софтверско инженерство и информациски системи, Software engineering and information systems
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Прв циклус
6. Академска година / семестар 3 / Зимски
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Александра Поповска Митровиќ, Билјана Тојтовска Рибарски, Илинка Иваноска, Марија Михова, Методија Јанчески, Наташа Илиевска, Верица Бакева
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Да се воведат основните концепти од веројатност и статистичка анализа со дискусија на примените во компјутерските науки. Да се оспособат студентите за успешно следење на стручните предмети во кои се применуваат елементи од теорија на веројатност и статистика.
11. Содржина на предметната програма 1. Елементи од комбинаторика.
2. Експерименти и настани: множество елементарни настани, случајни настани, операции со настани Дефиниција и својства на веројатност. Класична дефиниција на веројатност.
3. Условна веројатност. Независност. Формула за тотална веројатност. Баесови формули.
4. Дискретни случајни променливи: дефиниција, примери, закон и функција на распределба. Познати распределби од дискретен тип (Бенулиева, биномна, рамномерна, Пуасонова)
5. Случајни променливи од апсолутно непрекинат тип: дефиниција, функција и густина на распределба. Познати распределби од апсолутно непрекинат тип (рамномерна, експоненцијална, гама, нормална Независност на случајни променливи дефиниции и примери
6. Бројни карактеристики: математичко очекување и дисперзија и нивни својства. Коваријанса и коефициент на корелација помеѓу две случајни променливи.
7. Централна гранична теорема. Позначајни распределби во статистика.
8. Елементи од статистика: популација и примерок, видови податоци, параметри и статистики.
9. Дескриптивни статистики (просек, дисперзија, стандардна девијација, медијана, подредени статистики, ранг, квантили, медијана).
10. Интервали на доверба за математичко очекување, дисперзија, веројатност на настан.
11. Тестирање на хипотези: грешка од прв и втор тип, моќ на тест, тест статистика, критичен домен. Тестови со едно обележје: тестови за вредност на математичко очекување, тест за вредност на веројатност на настан, тест за вредност на дисперзии.
12. Тестови со две обележја: тест за еднаквост на дисперзии, тест за еднаквост на математички очекувања. Непараметарски тестови за независност на две категориски обележја.
12. Методи на учење Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 45 + 45 + 45 + 0 + 45 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 45 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 0 часови
16.2. Самостојни задачи 45 часови
16.3. Домашно учење 45 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 0 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 0 бодови
17.3. Активности и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит
20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година