Subject
Дизајн на интеракцијата човек-компјутер
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Дизајн на интеракцијата човек-компјутер Human-computer interaction design |
||||||||||||
| 2. | Код | F23L3S010 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Software engineering and information systems | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Прв циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 6 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Бојан Илијоски, Иван Китановски, Соња Гиевска, Сузана Лошковска | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните принципи за дизајнирање на компјутерски системи што вклучуваат интеракција човек-компјутер. За таа цел студентите ќе бидат запознаени со процесот на дизајнирање на интерактивни системи, фазите за дизајнирање (собирање и анализа на барања, креирање на прототипови, имлементација и тестирање на употребливост). По завршување на курсот се очекува студентот да демонстрира познавање на процесот и чекорите за дизајнирање на системи што вклучуваат интеракција човек-компјутер и да може да самостојно или во тим да реализира едноставен проект за дизајнирање на интерактивни системи. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Предавања: 1. Вовед, терминологија, историја. 2. Човекот во интеракција човек-компјутер, физички карактеристики, когнитивни аспекти. 3. Употребливост, принципи, стандарди, пристапност, корисничко искуство. 4. Процес на дизајнирање на интеракција човек компјутер, пристапи и карактеристики на процесот на дизајнирање. 5. Собирање на барања, техники на интервјуирање, набљудување, дефинирање на персони и сценарија. 6. Репрезентација на дизајнот, скици, storyboards, прототипови, прототипови со мала верност, прототипови со голема верност. 7. Анализа на задачи. 8. Принципи за дизајнирање на интеракција, елементи на визуелен интерфејс, справување со грешки, помош и документација. 9. Евалуација на кориснички интерфејс, начини и техники за евалуација, мерки за евалуација, евристика за употребливост и принципи за тестирање на употребливост |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа. | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани актибвности 15.2 и 16.1 | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|