Subject
Е-влада
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Е-влада E-government |
||||||||||||
| 2. | Код | F23L2S099 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Прв циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 4 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Георгина Мирчева, Смилка Јанеска Саркањац | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | Бизнис и менаџмент | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Целта на курсот е студентите да се запознаат со испораката на услугите од страна на владините институции кон корисниците: граѓаните, бизнисите и организациите од невладиниот сектор и примената на информациските технологии во тие процеси; да се запознаат со напредните држави и напредните области на примена на е-влада преку анализа на примери, студии на случај и најдобри практики; Подобрување на комуникациските вештини, усни и писмени, работа во тим при изработка на проектна задача, презентирање на проектната задача. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Предавања: 1. Вовед во е-влада; Дефинирање на информациски системи и информациската технологија; Дефинирање на јавниот сектор и примената на информациската технологија во јавниот сектор 2. Теориски модели на управување: минимална држава; корпоративно управување; нов јавен менаџмент; добро управување; социо-кибернетски систем; само-организирачки мрежи 3. Фази на развој на е-влада и е-управување 4. Придобивки и ризици на е-влада и е-управување; Дигитален јаз 5. Теории и модели за е-управување: Модел на интеракција меѓу јавната администрација и граѓаните од аспект на информациските системи од Chadwick и May; Моделот на четири фази на Layne и Lee; Стратегиската рамка на Watson и Mundy за е-Демократија 6. Адаптацијата на Flak и Rose на Теоријата на стеикхолдери од менаџмент теоријата кон областа на е-влада или е-управување; Моделот на Henderson и Venkatraman; Адаптација на теоријата на Henderson и Venkatraman, како доминантна теорија за примена на информациската технологија во приватниот сектор за примена во јавниот сектор 7. Согледување на светските искуства од најважните области на примена на е-Влада и на стратегиите за примена на информациските технологии во јавниот сектор според области на примена: е-инфраструктура, е-бизнис 8. Примена на информациските технологии во јавниот сектор според области на примена: е-здравство, е-образование, е-партиципација 9. Преглед на успешни стратегии на најнапредните земји од областа на е-влада: Естонија, Словенија, Австрија 10. Преглед на успешни стратегии на најнапредните земји од областа на е-влада: Данска, Ирска, Финска, Индија, Сингапур 11. Преглед на успешни стратегии на најнапредните земји од областа на е-влада: Европска Унија 12. Компаративна анализа на ИКТ проектите на владите на Македонија, Естонија и Словенија 13. Утврдување на перспективите на примената на информациската технологија во јавниот сектор и на е-влада во Република Македонија |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | предавања, аудиториски вежби, проектни задачи, домашни задачи | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани актибвности 15.2 и 16.1 | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|