Subject
Електрични кола
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Електрични кола Electrical Circuits |
||||||||||||
| 2. | Код | F23L2S042 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | Компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Прв циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 4 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Андреја Наумоски, Коста Митрески | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | Освоени најмалку 36 ЕКТС | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Запознавање со основните поими и појави од електричните кола, со основните закони и теореми во теоријата на електричните кола и со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски констатни и временски прпоменливи струи и напони. Користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Предавања: 1. Потенцијал на електрично поле и електричен напон 2. Капацитивност и кондензатори. 3. Стационарна електрична струја ( DC).Електрична отпорност. Омов и Џулов закон 4. Електрични извори и електромоторна сила. Електрични мрежи во DC-режим. 5. Методи за решавање на електрични кола. Јазлови потенцијали. Суперпозиција. 6. Методи за решавање на електрични кола. Тевененова теорема. 7. Софтверски алатки за решавање на DC-електрични кола 8. Временски константно магнетно поле. Вектор на магнетна индукција. 9. Амперов закон. 10. Електромагнетна индукција. Принцип на работа на електричен генератор, мотор и трансформатор. 11. Временски променливи простопериодични струи и нивно претставување со фазори и комплексни броеви. Аналитички методи за решавање на RLC. 12. Методи за решавање на сложени електрични кола во AC- режим.Модел и анализа на едноставни RLC кола со помош на симулатор на коло. Вежби: 1. Задачи - Потенцијал на електрично поле и електричен напон 2. Задачи -Капацитивност и кондензатори. 3. Задачи -Стационарна електрична струја ( DC).Електрична отпорност. Омов и Џулов закон 4. Задачи -Електрични извори и електромоторна сила. Електрични мрежи во DC-режим. 5. Задачи -Методи за решавање на електрични кола. Јазлови потенцијали.Суперпозиција. 6. Задачи -Методи за решавање на електрични кола. Тевененова теорема. 7. Задачи -Софтверски алатки за решавање на DC-електрични кола 8. Задачи -Временски константно магнетно поле. Вектор на магнетна индукција. 9. Задачи -Амперов закон. 10. Задачи -Електромагнетна индукција. Принцип на работа на електричен генератор, мотор и трансформатор. 11. Задачи -Временски променливи простопериодични струи и нивно претставување со фазори и комплексни броеви. Аналитички методи за решавање на RLC. 12. Задачи -Методи за решавање на сложени електрични кола во AC- режим.Модел и анализа на едноставни RLC кола со помош на симулатор на коло. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа. | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани активности 15.2 | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|