Subject

Бизнис статистика

1. Наслов на наставниот предмет Бизнис статистика
Business statistics
2. Код F23L1S023
3. Студиска програма Примена на информациски технологии, Статистика и аналитика на податоци
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Прв циклус
6. Академска година / семестар 2 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Александра Поповска Митровиќ, Методија Јанчески, Наташа Илиевска, Верица Бакева, Весна Димитриевска Ристовска
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Запознавање со основните статистички методи и техники за прикажување, анализа и истражување на податоци.
11. Содржина на предметната програма Вовед. Видови податоци, собирање на податоци, примерок, распределба на честоти на податоци, графички методи за прикажување на распределбата на честотите, истражувачка анализа на податоците. Мерки на централна тенденција и расејување на податоците. Моделирање на несигурност. Основни елементи од веројатност, условна веројатност, независност, Баесова теорема. Случајни променливи, распредeлби на веројатности, очекување и дисперзија. Дискретни распределби: биномна распределба, Пуасонова распределба, геометриска распределба и примени. Апсолутно-непрекинати распределби: рамномерна, експоненцијална и нормална распределба, основни својстава, стандардизација и користење на таблици за определување на веројатности од настани. Популација и примерок. Распределба на статистики на примерок. Оценување на параметри: интервали на доверба за математичко очекување, дисперзија на популација и пропорции. Тестирање на хипотези. Корелација и линеарна регресија. Непараметарски тестови за совпаѓање на распределби и независност на категориски карактеристики.
12. Методи на учење Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 45 + 45 + 30 + 10 + 50 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 45 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 10 часови
16.2. Самостојни задачи 30 часови
16.3. Домашно учење 50 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 0 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 10 бодови
17.3. Активности и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 90 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани актибвности 15.2 и 16.1
20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
1. Muhammad Rozi Malim & Faridah Abdul Halim | Business Statistics | Oxford University press | 2011
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година