Subject
Програмски парадигми
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Програмски парадигми Programming paradigms |
||||||||||||
| 2. | Код | F18L3W038 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | Компјутерски науки | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Прв циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 7 / Зимски | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | — | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | Алгоритми и податочни структури | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Целта на овој курс е запознавање на студентите со програмски парадигми различни од императивната и објектно-ориентираната, со фокус на декларативната и функционалната програмска парадигма. По завршувањето на курсот студентите треба да бидат способни да: Споредуваат различни програмски парадигми и да изберат соодветна за даден проблем, Користат логички програмски јазик за имплементација на ефикасни алгоритми, Користат логички програмски јазик за репрезентација и манипулација со знаење, Користат функционален програмски јазик за пишување на програми без странични ефекти, Разбираат и користат функции од прв и повисок ред, функционални затворања, мрзлива евалуација и апстракција на секвенци, Разбираат и пишуваат едноставни конкурентни програми | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Преглед и споредба на императивна, објектно-ориентирана, декларативна и функционална програмска парадигма. Вовед во декларативна програмска парадигма. Исказно сметање. Предикатна логика од прв ред. Основи на логички програмски јазик. Унификација. Пребарување со враќање наназад. Клаузална репрезентација на податочни структури и алгоритми. Рекурзија. Прекини. Негација. Претставување и манипулација со знаење со логички програмски јазик. Вовед во функционална програмска парадигма. Програмирање без странични ефекти. Структурирани податочни типови и нивно процесирање. Функции како објекти од прв ред. Анонимни функции. Функции од повисок ред. Функционални затворања. Карринг. Парцијални функции. Мрзлива евалуација. Бесконечни секвенци. Апстракција на секвенци. Конкурентност и паралелизам | ||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа. | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани актибвности 15.2 и 16.1 | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|