Subject
Вовед во мрежна наука
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Вовед во мрежна наука Introduction to network science |
||||||||||||
| 2. | Код | F18L3S087 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Прв циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 6 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | — | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | Веројатност и статистика или Основи на теорија на информации | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Запознавање со основните концепти од мрежна наука со реални податоци. Оспособување на студентите за анализа на својствата и динамичките процеси во реалните комплексни мрежи и нивно моделирање и визуелизација. Изучување на основните методи за октривање на заедници, оценка на робустноста, оптимизација, податочно рударење и предвидување во комплексни мрежи. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Вовед во мрежна наука. Својства на комплексни и реални мрежи: ефект на мал свет, транзитивност на јазли, поврзување со преференца. Модели на реални мрежи. Социјални, информациски мрежи, биолошки, техничко-технолошки мрежи. Откривање на заедници и графлети во комплексни мрежи. Робустност на комплексни мрежи преку анализа на врски и јазли. Користење на мерки за централност и алгоритми за рангирање. Парадокси во социјални мрежи: статусна хомофилија, вредносна хомофилија, социјално влијание, надворешни влијанија. Динамички процеси во комплексни мрежи: ширење на влијанија, информации и зарази, консензус и синхронизација. Теорија на игри во социјални мрежи: монетизација во социјални мрежи, формирање на социјални мрежи, наддавање и селекција на целно множество. Повеќеслојни и временско-променливи комплексни мрежи: модели, алгоритми и динамички процеси. Оптимизација на проток, транспорт, распределба на ресурси, пакување и рутирање во реални мрежи. Податочно рударење и предвидување во големи мрежи. Предвидување на линкови, развој на топологија и атрибути. Предвидување на исходи од динамички процеси и изминување на комплексни мрежи. | ||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани активности 15.1 и 15.2 | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|