Subject

Е-влада

1. Наслов на наставниот предмет Е-влада
E-government
2. Код F18L2S099
3. Студиска програма
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Прв циклус
6. Академска година / семестар 4 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник
9. Предуслови за запишување на предметот Бизнис и менаџмент
10. Цели на предметната програма (компетенции) Целта на курсот е студентите да се запознаат со испораката на услугите од страна на владините институции кон корисниците: граѓаните, бизнисите и организациите од невладиниот сектор и примената на информациските технологии во тие процеси; да се запознаат со напредните држави и напредните области на примена на е-влада преку анализа на примери, студии на случај и најдобри практики; Подобрување на комуникациските вештини, усни и писмени, работа во тим при изработка на проектна задача, презентирање на проектната задача.
11. Содржина на предметната програма Вовед во е-влада; Дефинирање на информациски системи и информациската технологија; Дефинирање на јавниот сектор и примената на информациската технологија во јавниот сектор; Теориски модели на управување: минимална држава; корпоративно управување; нов јавен менаџмент; добро управување;социо-кибернетски систем; само-организирачки мрежи; Фази на развој на е-влада и е-управување; Придобивки и ризици на е-влада и е-управување; Дигитален јаз; Теории и модели за е-управување: Модел на интеракција меѓу јавната администрација и граѓаните од аспект на информациските системи од Chadwick и May; Моделот на четири фази на Layne и Lee; Стратегиската рамка на Watson и Mundy за е-Демократија; Адаптацијата на Flak и Rose на Теоријата на стеикхолдери од менаџмент теоријата кон областа на е-влада или е-управување; Моделот на Henderson и Venkatraman; Адаптација на теоријата на Henderson и Venkatraman, како доминантна теорија за примена на информациската технологија во приватниот сектор за примена во јавниот сектор; Согледување на светските искуства од најважните области на примена на е-Влада и на стратегиите за примена на информациските технологии во јавниот сектор според области на примена: е-инфраструктура, е-бизнис; Примена на информациските технологии во јавниот сектор според области на примена: е-здравство, е-образование, е-партиципација; Преглед на успешни стратегии на најнапредните земји од областа на е-влада: Естонија, Словенија, Австрија, Данска, Ирска, Финска, Индија, Сингапур, Европска Унија; Компаративна анализа на ИКТ проектите на владите на Македонија, Естонија и Словенија; Утврдување на перспективите на примената на информациската технологија во јавниот сектор и на е-влада во Република Македонија.
12. Методи на учење предавања, аудиториски вежби, проектни задачи, домашни задачи
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 15 часови
16.2. Самостојни задачи 15 часови
16.3. Домашно учење 75 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 0 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 15 бодови
17.3. Активности и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 80 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани актибвности 15.2 и 16.1
20. Јазик на кој се изведува наставата македонски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година