Subject

Дизајн на дигитални кола

1. Наслов на наставниот предмет Дизајн на дигитални кола
Digital design
2. Код F18L1W041
3. Студиска програма Компјутерско инженерство
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Прв циклус
6. Академска година / семестар 1 / Зимски
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Запознавање со основните методи за анализа и дизајн на логички кола и логички мрежи, како комбинациони така
и секвенцијални кола, регистри и бројачи.
11. Содржина на предметната програма (1) Бројни системи, систем со основа r, претворба (2) Комплементи, прв, втор, радикс. Булова аритметика. Кодови, тежински, грејов, BCD, ASCII, Хамингово растојание, Хамингов код (2) Булова алгебра и прекинувачки фунции, логички порти, минтерми, макстерми, нивоа на интегираност (1) Минимизација на функции со Карноови мапи и Квин Меклавски (1) Анализа и дизајн на комбинациони кола, табела на вистинитост, полусобирач, целосен собирач (1) Кодери, декодери, мултиплексери и демултиплексери, ROM, PLA (2) Синхрони и асинхрони секвенцијални кола, такт генератор, лечови и флип-флопови, карактеристични табели и равенки (2) Анализа и дизајн на синхрони секвенцијални кола, равенки, табела и дијаграм на состојби, Мурови и Милиеви автомати, минимизација на бројот на состојби, кодирање на состојби (2) Регистри, паралелно и сериско полнење, поместување и бројачи, модуло бројачи, кружни бројачи, Џонсонов бројач
12. Методи на учење Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 15 часови
16.2. Самостојни задачи 15 часови
16.3. Домашно учење 75 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 10 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 15 бодови
17.3. Активности и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 70 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности 15.2 и 16.1
20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година