Subject

Виртуелизирани податочни центри

1. Наслов на наставниот предмет Виртуелизирани податочни центри
Virtualized data centers
2. Код CC-Z-01
3. Студиска програма Пресметување во облак
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус
6. Академска година / семестар 9 / Зимски
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Дејан Спасов, Магдалена Костоска Ѓорчевска
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Овој предмет ќе го оспособи студентот за планирање и развој на виртуелизиран податочен центар, распределба на ресурси, опфаќајќи ги притоа виртуелизација на пресметковни, мрежни и влезно/излезни ресурси со развој на приватен облак.
11. Содржина на предметната програма Планирање и развој на податочен центар. Скалабилност и еластичност.
Архитектури и технологии на следна генерација (модерни) податочни центри.
Стратегија на ИТ во големи компании (Enterprise) со можност за скалирање на милиони корисници.
Виртуелизација на сервери и складишта. Еволуција на второ ниво. Консолидација на В/И.
Сегментација на инфраструктура.
Виртуелен податочен центар и пресметување во облак. Концепти на приватен облак. Инфраструктура
како сервис (IaaS). Креирање типови на виртуелни машини. Виртуелизација и заштита на мрежа.
Планирање и развој на приватен облак со отворен код. Архитектура на приватен облак.
Администрација на приватен облак. Заштита на приватен облак. Овозможување на архитектура за
платформа како сервис
12. Методи на учење Предавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, семинарски работи
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 45 + 15 + 30 + 50 + 40 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 45 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 15 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 50 часови
16.2. Самостојни задачи 30 часови
16.3. Домашно учење 40 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 0 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активности и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит реализирани 15.1 и 15.2
20. Јазик на кој се изведува наставата македонски или англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата интерна евалуација и анкети
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
1. Hwaiyu Geng | Data Center Handbook | Wiley | 2014
2. Gary Lee | Cloud Networking: Understanding Cloud-based Data Center Networks | Morgan Kaufmann | 2014
3. Gustavo A. A. Santana | Data Center Virtualization Fundamentals | Cisco | 2014
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година