д-р Владимир Трајковиќ

Роден е 1971 година во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1994, 1997 и 2003 година, соодветно. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје работи од 1997 година како асистент. Во 2004, 2008 и 2013 година ги стекнал звањата доцент, вонреден професор и редовен професор. Моментално е одговорен за неколку предмети на додипломски студии и три предмети на магистерски студии. Исто така држи предавања на магистерски студии на Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе од 200 трудови публикувани во реномирани меѓународни научни списанија и зборници од конференции. Учесник е во повеќе од триесетина апликативно истражувачки мултилатерални и билатерални проекти со повеќе универзитети од Европската унија и САД во чии рамки остварил бројни студиски престои. Неговите истражувања се фокусирани на областите: дистрибуирани компјутерски системи, системи за поддршка на образованието на далечина, сервисно ориентирани архитектури, мобилни сервиси и поврзано здравство. Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.