д-р Милош Јовановиќ
Роден е 1985 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 година на насоката Информатика и компјутерско инженерство. Магистрирал на истиот факултет во 2010 година на насоката Компјутерски мрежи и е-технологии, со магистерска теза од областа на семантички веб технологии. Во 2016 година докторирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на насоката Компјутерски науки и инженерство, со докторска дисертација од областа на поврзани податоци. Во текот на студирањето континуирано е наградуван за успешно студирање. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје работи од 2008 година како демонстратор. Во 2011 година е избран за помлад асистент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а во 2014 година за асистент. Во 2017 година е избран за доцент, а во 2022 година за вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Неговите наставни обврски опфаќаат работа на предмети од областа на оперативни системи, електронска и мобилна трговија, менаџмент информациски системи, DevOps и веб базирани системи. Учествувал во 9 меѓународни и 26 домашни научно-истражувачки проекти. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено околу 60 научни трудови како автор и коавтор. Коавтор е на три книги. Негови активни полиња на научен интерес се графови на знаење, поврзани податоци, наука за податоци, отворени податоци и семантички веб технологии. https://mjovanovik.com/ Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.