д-р Коста Митрески
Роден е 1957 година во Охрид. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1981, 1994 и 2002 година, соодветно. Бил вработен во ЖТП Скопје како главен инженер од 1982 до 1987 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје бил вработен како помлад асистент во 1987 год. Во 2002, 2007 и 2012 година ги стекнал звањата доцент, вонреден професор и редовен професор. Моментално е одговорен за неколку предмети од додипломски студии и е координатор и основоположник на магистерски студии од студиската програма Еко-информатика. Автор е на повеќе од 100 трудови публикувани во реномирани меѓународни научни списанија и зборници од конференции. Учесник е во повеќе од дваесетина апликативно истражувачки проекти и десетина билатерални и меѓународни проекти со повеќе универзитети од ЕУ и САД. Бил раководител и учесник на неколку ТЕМПУС проекти како и FP6,FP7 и H2020 проекти. Неговите истражувања се фокусирани во областите на еколошкото моделирање, просторно-временските и 3Д објекти и анализи, милтимедиските системи и интелигентните информациони системи. Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.