д-р Иван Чорбев
Роден е 1980 година во Охрид. Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 2004 и 2006 година, соодветно. Докторирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2009 година. Во текот на факултетското образование бил континуирано наградуван за успешните студии. Како најдобар студент во генерацијата е наградуван од Факултетот, универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и други организации и фондации, меѓу кои Организацијата на инженерите на Македонија, од која ја добил наградата златен прстен. Своето прво работно искуство го стекнал во АД “Македонски телекомуникации” – МТнет, во одделот за софтвер и веб развој, во периодот 2003-2005 година. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје почнал да работи од 2005 година, прво како демонстратор и потоа од 2006 година и како помлад асистент. Звањето асистент го добил во 2008 година, а во 2009 година е избран за доцент. Неговите наставни обврски опфаќале настава по предмети од областа на структурирано програмирање, објектно-ориентирано програмирање, програмски методологии, веб дизајн, компјутерска графика, компјутерска анимација, итн. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа до 2011 година учествувал во изработката на повеќе од 35 научно-истражувачки трудови публикувани во книги, списанија и реценирани зборници од конференции. Полињата на негов научно-истражувачки интерес вклучуваат комбинаторна оптимизација, евристички алгоритми, програмирање со ограничувања, технологии за веб програмирање, тестирање на софтвер, примена на информатиката во медицината и телемедицински системи, медицински експертски системи, екстракција на знаење, машинско учење. Автор е на еден универзитетски учебник. Рецензент е на еден универзитетски учебник. Како IT консултант бил ангажиран при студии и развој на повеќе апликативни решенија за Enterprise Resource Planning (ERP) системи, универзитетски информациони системи, веб системи за менаџирање со содржини (CMS), Document Management Systems – DMS, системи за онлајн плаќање, електронска евиденција на присуство, банкарски апликации, нафтена индустрија. Учествувал како IT консултант во проекти финансирани од Европската унија (FP6, FP7, TEMPUS), невладини организации (NDI). Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.
Нема внесени податоци.