д-р Ѓорѓи Филипов

Ѓорѓи Власен Филипов е роден во 1956 во Кавадарци. Докторирал во 1998 на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во обласра на техничките науки на тема: „Индустриската сопственост како индикатор на технолошкиот развој“, под менторство на проф. д-р Владимир Дуковски, магистрирал 1985, на Машинскиот факултет на тема „Оптимирање на мали нуклеарни енергетски постројки – опимирање на турбинската постројка“, под менторство на проф. д-р Константин Димитров. Дипломирал 1981 на Машинскиот факултет на тема „Метода на конечни раѕлики за одредување на просторно временска распределба на температурата во горивна прачка на нуклеарен реактор“, кај академик проф. д-р Томе Бошевски. Се усовршувал во областите на петентното инженерство, автоматизација и автоматизирано производство, менаџментот и маркетингот. Во 2008 станал патентен застапник пред Европскиот патентен завод во Минхен, 1998, застапник за индустриска сопственост, додека во 1993, бил на специјализација во областа на развојниот менаџмент на Универзитет за менаџмент во Стирлинг, Велика Британија. 1991 имал студиски престој во областа на менаџментот со пазарно насочени претпријатија, во Карл Дуизбург друштвото во Келн, Германија. Во 1989, заради специјализација во областа на производството на роботи, престојувал во Заводот Вуков во Прешов, Словачка. Во 1988 посетувал специјализиран семинар за применета роботика со практични вежби во Ријека, Хрватска. Во 1985, тој имал тримесечен престој Бон, Германија, заради специјализација во областа на автоматизирано производство, фирма Клекнер Милер Аутомејшн. Филипов течно говори, пишува и чита: Англиски, Германски, Спрски и Хрватски, а се служи и со Бугарски, Руски и Француски (добро чита и разбира, не говори течно, не пишува). Во однос на професионалната кариера д-р Ѓорѓи Филипов е избран 2009 во звање насловен вонреден професор за предмети од областа на Менаџмент во ИТК. Тој е во моментов вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Виена. Ги обавува должностите на амбасадор на РМ во Словачка (од јануари 2012), Јапонија (од мај 2011), Австрија (октомври 2010). Пред тоа бил претседател на УО на Агенцијата за интелктуална сопственост Берин од Скопје, како и амбасадор на Република Македонија во Берлин, Германија (2005-2010). Во 2008та, тој беше предложен за кандидат на Владата на РМ за местото Генерален директор на Светската организација за интелектуална сопственост, Женева, Швајцарија. До 2004, Филипов предавал на група предмети во областите на Менаџмент во информатичко/комуникациска технологија како и Менаџмент, Менаџмент и Маркетинг, Меѓународен Маркетинг и Менаџмент на индустриската сопственост на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“, Скопје, Природно- математички факултет и Институтот за социолошки и политичко- правни науки. Од (2002-2004), тој е член на Извршниот комитет на Интернационалната федерација на асоцијациите на пронајдувачи, Женева, Швајцарија, од (2001-2005), претседател на Сојузот на пронајдувачи и автори на технички унапредувања на Македонија. Во периодот од (2000-2001) бил консултант на Владата на Војводството Луксембург на Проект за градба на центар за технолошко набљудување во Македонија. Филипов е основач и претседател на УО на Агенцијата за интелектуална сопственост Берин, Скопје, од 1999 до денес. Во периодот од (1999-2004) тој бил доцент по предметите Маркетинг и Менаџмент на индустриската сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Институт за социолошки и политичко – правни науки. Ѓорѓи Филипов е назначен за прв директор на Државниот завод за заштита на индустриската сопственост, во 1993 и на тоа место се задржал до 1999. Пред тоа од (1992-1993), тој бил директор на маркетинг на Раде Кончар – Апаратна техника АД, директор и основач на претпријатието „Берин, Маркетинг, истражување и развој ДОО“ во Скопје. Во периодите од дипломирање до 1992 тој работел на следниве работни места: (1990-1992), Комерцијален директор на ДОО Заварување, сечење и автоматизација, Скопје, (1989-1990), Директор н

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.