Пракса за индустриска процесна автоматизација, роботика, управување и контрола
Опис
🚀 Студентска пракса во Симтек Солушн
Дали сакаш да бидеш дел од најиновативната индустриска приказна во Македонија?
Симтек Солушн отвора врата за студенти кои имаат интерес за:
Индустриска процесна автоматизација
Роботика
Управување и контрола
Нашата пракса вклучува активно учество и работа во:
Програмирање на PLC контролери (Schneider Electric, WEG, Fuji Electric)
Фреквентна регулација и управување со електро погони
Програмирање во Python за автоматизација и анализа на податоци
Како компанија сме овластени партнери на Schneider Electric, WEG и Fuji Electric, со пристап до најсовремена опрема и технологии.
👉 Што добиваш со праксата?
Реално искуство на проекти во индустријата
Работа со современи технологии и опрема
Тренинг и обуки од наши инженери
Можност за вработување по завршување на праксата
🎯 За најдобрите студенти обезбедуваме:
Специјализирани програми за развој
Сертификации
Кариера во инженерството
Ако имаш ентузијазам, желба за учење и амбиција да се изградиш во инженер со иднина – ова е твојата шанса!
📩 Пријави се веднаш и стани дел од тимот на Симтек Солушн.